• Latest

Арсовска: Потребна институционална поддршка за позиционирање на македонските брендови

December 7, 2019

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Арсовска: Потребна институционална поддршка за позиционирање на македонските брендови

December 7, 2019 11:24
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонските брендови тешко се позиционираат, мала e застапеностa на нашите производи на глобалните пазари, a истото се должи генерално на непостоење национална стратегија за институционална поддршка за индивидуално јакнење на домашните брендови. Поддршката на македонските компании кои како двигател на стопанството имаат развиено квалитетни производи и услуги, преку вложување во развој и градење на силни брендови, позитивно ќе се одрази врз севкупниот раст на националната економија, но и на промоција на Македонија како земја на потекло на препознатливи бренд производи, информираат од Сојуз на стопански комори.

Согласно анализата на британската Brand Finance за 2019 година во топ 100 национално рангирањето на брендови по вредност, Македонија ја нема на листата. Од земјите во регионот Грција е на 57 место, Словенија на 60, Бугарија на 68, Србија на 76 место, а Хрватска на 78 место.

Претседателот на Сојуз на стопански комори, Данела Арсовска во најава на неделата на Македонски квалитет 2019, истакна дека покрај тоа што компаниите треба да размислуваат за својот развој, економската политика во земјата е од големо значење за поддршка во градење на домашните брендови преку стратегија за настап на странските пазари, нивна индивидуална промоција како и спречување на поголеми нарушувања на пазарот од нелојална конкуренција.

-На македонските производи индивидуално може да им се помогне во креација на уникатна додадена вредност, да се насочат на пазари каде можат да постигнат успех, да им се помогне со нови технологии, што би ја зголемило продуктивноста, да се покрене кампања на препознатливост во земјата, регионот па глобално. Голем број производи наместо да се преработуваат кај нас, се извезуваат како суровини или полупроизводи и се продаваат како дел од препознатливи брендови на други земји,вели Арсовска.

Причините за ваквата состојба, како што додава, се бројни, но главно се од финансиска природа, резултат на малиот пазар и малата економска моќ на компаниите да вложуваат во сопствениот бренд. Токму затоа, треба да се постават јасни цели, да се поддржат индивидуално компаниите кои имаат предуслови за развој на сопствениот бренд, преку таргетирање на овие компании, на пазарите каде треба да се пласираат производите, да им даде поддршка со информации за законската регулатива на земјата во која се извезува, за потрошувачите и конкуренцијата на тој пазар како и поддршка за пласман и позиционирање.

-Сојузот на стопански комори на Македонија предлага отпочнување со пилот проекти каде би се инвестирало во поединечни компании со голем потенцијал, кои можат да дадат резултати не само да се постигне раст на поединечна компанија и бренд, туку и Македонија да се мапира и да отпочне да се препознава како земјата на потекло на тие поединечни успешни брендови,  истакна Арсовска.

Јакнење на домашните брендови значи и јакнење на националниот бренд како најважен капитал на секоја држава во денешниот глобален свет, кој ги промовира инвестициите, додава вредност на извозот и ќе не постави во иднина на ранг листите, како земја од која потекнуваат препознатливи и квалитетни бренд производи.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ