Премиерот на Канада, Џастин Трудо, ги повика лидерите на најголемите светски организации да вработуваат повеќе жени и да се справат со сексуалното малтретирање, воедно предупредувајќи дека пристапот “вообичаено-работење“ во справувањето со нееднаквоста ќе доведе до неуспех за сите.
https://www.facebook.com/WEFvideo/videos/vb.681411578662574/10155078940261479/?type=2&theater
Во воведен говор на Светскиот економски форум во Давос, Трудо истакна дека вработувањето, унапредувањето и задржувањето на повеќе жени е клучот за намалување на “неверојатниот“ јаз меѓу богатите и сиромашните.
Бизнис лидерите на годишниот состанок на Светскиот еконмски форум бележат зголемување на богатството во изминатата година како резултат на покачување на берзите, но канадскиот премиер запраша дали сакаат да “живеат во затворени енклави додека тие околу нив со борат“.
“Премногу корпорации имаат единствена цел потрагата по профитот да ја стават пред благосостојбата на работниците. Компаниите цело време избегнуваат даноци и со една рака достигнуваат рекордни профити додека со другата ги кратат придобивките на другите“, рече Трудо.
Трудо рече дека вработувањето на повеќе жени е паметно нешто да се направи, додавајќи дека тоа би довело до поголема разновисностт на идеи, повеќе иновации и помалку спорови. Тој рече дека потребна е критична расправа за правата, еднаквоста и динамиката на моќта на полот. “Сексуалното малтретирање во бизнисот и владата претставува системски проблем и е неприфатливо“, истакна Трудо, додавајќи ја својата поддршка на #MeToo (Сега кажувам) кампањата која започна по откритијата за холивускиот моќник Харви Вајнштајн. Како лидери, мора да препознаеме и да дејствуваме за да вистински покажаме дека времете истече“.