• Latest

Аудио рурална авантура низ Мариово

May 23, 2021

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Аудио рурална авантура низ Мариово

May 23, 2021 10:21
in ВЕСТИ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Само-водечки аудио тури низ Мариово на македонски, англиски, француски, германски и знаковен јазик од сега се достапни за секој што ќе посака да и пристапи на природата со мобилен телефон како водич.

Домашната и меѓународната јавност во функција имаат нов проект, „Рурална авантура“ (http://www.ruraladventure.mk), кој го реализираше здружението OFF ROAD Macedonia, за што финансиска поддршка доби од Швајцарската агенција за развој и поддршка, а во рамки на програмата преку Increasing Market Employability (IME).

-Преку само-водечки тури, сега има можност со своите најблиски да се биде на ден-два во регионот Мариово, а како водич да биде користен мобилен телефон. Регионот Мариово е одличен избор за „полнење на батериите“ и прошетка во природа. Со густина на население од помалку од 4 жители на километар квадратен, Мариово е идеално за социјално дистанцирање и уште поважно за подобрување на имунитетот и менталното здравје во чиста природа. Само-водечките тури се пракса која се покажала доста успешна во многу туристички дестинации и како здружение сме особено среќни што имавме можност да имплементираме ваков проект токму во Мариово. На овој начин покрај промоција на културното и природното богатство, се подобрува и туристичка сигналитика, а воедно се збогатува и искуството на посетителите, истакна м-р Јове Парговски, координатор на проектот.

Регионот Мариово и пред пандемијата предзвикана од Ковид-19, имаше јасно изразен недостиг на туристички водичи и информации за туристичките потенцијали. Луѓето на разни начини го посетуваа Мариово, но без некаков конкретен предлог на тури, локации или информации за местата кои ги посетуваа, но сега ситуацијата се подобрува, се интересираат за се, за минатото и првата светска војна, но и за сегашноста и новите инвестици, вели Парговски.

-Минатата година, нашето здружение самостојно реализираше ваква тура, која се покажа успешна, а тоа беше мотив плус за IME да го подржат нашиот проект. Факт е дека Ковид ситуацијата катастрофално се одрази врз туризмот, а во новата реалност се менува и побарувачката и навиките на туристите. Сега се повеќе се бараат локации надвор од гужви, метеж и градски средини, а погледот е во природата, за помали групи. Мариово го нуди токму тоа, додава тој.

Изминатата година голем број на куќи се реновираа и дел од нив веќе се издаваат за туристи, а тука се и споредните бизниси кои несомнено може да се стават во функција на туризмот, нагласи Парговски од OFF ROAD Macedonia.

Во рамки на проектот креирани се содржини за 35 локации во Мариово кој е на територијата на Општина Новаци, и истите може да се прочитаат на македонски, англиски, француски, германски и знаковен јазик. Креирани се аудио нарации, кои збогатени со квалитетни фотографии, а 360 виртуелни прошетки и видеа служат за подобра промоција на регионот и обезбедување на повеќе информации за посетителите. Локациите се поврзани преку 6 предлог тури, од кои 4 се пешачки, а 2 се наменети за велосипед или теренско возило.

-Доколку сакате да го посетите Мариово, треба да ја посетите нашата веб страница (http://www.ruraladventure.mk), каде покрај предлог локациите во Мариово имате и предлог тури, кои се поврзани со апликацијата izi.Travel (достапна на Google Play и iOS) која треба да ја преземите на вашиот телефон. Потоа ја избирате посакуваната тура и го оставате Вашиот телефон да ве води. Бидејќи некои локации во Мариово не се покриени со телефонски сигнал, се препорачува да ја користите апликацијата во офлајн мод и задолжително да ги прочитате и почитувате сигурноснните препораки. Дел од турите се правени да бидат погодни за целото семејство, во кои е скратено растојанитето кое треба да се помине, но се вклучени капалишта и пикник локации, каде можете да го поминете денот со вашите најблиски, појасни Парговски.

Авантурите низ Мариово сега се уште попривлечни. Потребна е само желба за рурална авантура!

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ