• Latest

АВМУ бара да се обезбеди баланс во посебните информативни емисии за изборите

July 2, 2020

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

АВМУ бара да се обезбеди баланс во посебните информативни емисии за изборите

July 2, 2020 17:07
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги бара од медиумите да обезбедат баланс во посебните информативни емисии за предвремените парламентарни избори и апелира до учесниците во изборната кампања да учествуваат во посебните информативни емисии зашто тие се еден од начините како граѓаните директно да се информираат за нивните изборни програми и да ја споредат понудата.

„Агенцијата веднаш направи увид во податоците од мониторингот на досегашното изборно медиумско претставување, при што и радиодифузерите и учесниците во изборната кампања ги потсетува на следново:

Радиодифузерите,  доколку одлучат да емитуваат  дебати и други видови посебни информативни емисии (соочувања, интервјуа, актуелно – информативни емисии, специјализирани  емисии итн.), треба да обезбедат подеднаков пристап и правичност, избалансираност и непристрасност. Во овие емисии, балансот, се постигнува со почитување на принципот на пропорционалност според бројот на потврдени кандидатски листи, што значи дека радиодифузерите се должни да ги канат сите учесници коишто имаат ист број на листи со потврдени кандидати, без оглед дали станува збор за парламентарни или вонпарламентарни субјекти,  и без оглед на јазикот на кој ја емитуваат програмата. За форматот на овие емисии – соочување (меѓу двајца) или дебатa (меѓу повеќемина), одлучуваат самите радиодифузери во согласност со својата независна уредувачка политика“, стои во нивното соопштение.

Оценката дали се исполнети овие обврски се извлекува по завршување на кампањата, не за секоја поединечна емисија, туку за серијата интервјуа, дебатни емисии или соочувања што радиодифузерот ќе ги организира во текот на изборната кампања.

Досегашниот мониторинг покажува дека има радиодифузери кои треба да вложат дополнителен напор и да ги поканат сите субјекти со ист број на листи за да обезбедат баланс во дебатите до крајот на кампањата. Од друга страна, има случаи во кои учесниците во изборната кампања одбиваат да учествуваат во дебатни емисии на некои медиуми. Радиодифузерите ова треба да го соопштат во емисијата и воедно, треба да внимаваат колку пати ќе ја репризираат дебатата за да не создадат дисбаланс.

Во овој контекст и имајќи предвид дека овие избори се организираат во услови на пандемија, Агенцијата апелира до учесниците во изборната кампања да учествуваат во посебните информативни емисии зашто тие се еден од начините како граѓаните директно да се информираат за нивните изборни програми и да ја споредат понудата.

Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ