• Latest

Бабиќ: Емпатијата е нешто што навистина ни треба

April 25, 2018

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бабиќ: Емпатијата е нешто што навистина ни треба

April 25, 2018 17:07
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На 28 април, сабота, се одбележува иницијативата Pay it forward – Продолжи понатаму, една од најголемите глобални хуманитарни акции која е проширена во 85 земји во светот. Во Македонија оваа акција се спроведува втора година во организација на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club – Skopje Europea.

По тој повод разговаравме со Маја Бабиќ една од организаторките на овој настан.

„Продолжи понатаму“ е оригинална идеја на едно десетгодишно дете. Неверојатна, па дури можеби и утопистичка идеја, но ние веруваме дека и не мора да биде утопистичка. Се работи за тоа дека едно десетгодишно дете сака да го промени светот со тоа што ќе направи три добри дела за непознати или познати луѓе и за возврат, што е невообичаено кога правите добро дело, тој бара тие приматели на добрите дела да направат уште три добри дела. Според некаква математичка прогресија се верува дека тоа може да се рашири не само во квартот, не само во населбата, или градот, туку и низ целиот свет“, вели Бабиќ.

Од оваа идеја во 2007 година произлегува иницијативата за светски ден, односно 28 април. Се шири молскавично низ светот. Од 2017 година и Македонија е дел од оваа иницијатива.

„Годинава имаме неверојатен број на компании кои ни се придружуваат за да помогнат во смисла на ширење на идејата. Обично ние бараме компании, пари, спонзори, донации, но овој пат велиме: ‘Ширете ја идејата’. Станува збор за сериозни компании коишто се општествено одговорни преку целата година, но овој пат се навистина мотивирани да направат нешто.

Зад идејата на оваа иницијатива се појавува една картичка која веќе почнува да се шири меѓу луѓето. На картичката стои: „Честитки! Добивте ‘Pay it forward’ картичка. Тоа значи дека некој направил добро дело за вас и не бара ништо за возврат. Сега е на ред на вас да направите добро дело за некого и да му ја дадете оваа картичка“.

Настанот кој ќе се одржи во сабота се совпаѓа со уште еден настан на истото место, а тоа е настанот „Да растеме заедно“ кој е посветен на децата со аутизам.

„Идејата беше да направиме настан во Градскиот парк, каде што ќе ги замолиме нашите сограѓани да направиме еден масовен голем пикник на кој што ќе се дружиме и ќе ја шириме добрината и тогаш дојдовме до информација дека уште една организација и уште еден настан се случува на истото место. Нормално, како нетипични Македонци наместо да правиме настан 10 метри подолу и да бидеме конкуренција еден на друг, ние се слушнавме со организаторите на овој настан и буквално за 5 минути сфативме дека пораките и идеите ни се исти. Не ни требаше да се договараме дека треба да се споиме. Ја шириме идејата за аутизмот, ја шириме идејата за емпатија и добрина и сите заедно велиме: ‘Продолжи понатаму’!“, истакна Бабиќ.

Разговорот го води: Војо Цветановски
Обработка на текст: Маја Ивановска
Монтажа: Ермин Климента
Фотографија: Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов

Tags: добринаемпатијаМаја БабиќПродолжи понатаму
Share120TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ