Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе одликува 19 познати личности со Претседателскиот медал на слободата, непосредно пред крајот на неговиот мандат.
Наградата – највисокото цивилно признание во Соединетите Американски Држави – треба да им се додели на фудбалската ѕвезда Лионел Меси, кошаркарската легенда Ервин Меџик Џонсон, модниот дизајнер Ралф Лорен, актерите Мајкл Џеј Фокс и Дензел Вашингтон и рок музичарот Боно од бендот U2, меѓу другите, се вели во соопштението на Белата куќа.
Престижната награда им се доделува на „поединци кои дале примерен придонес за просперитетот, вредностите или безбедноста на САД, светскиот мир или други значајни општествени, јавни или приватни потфати“, се потенцира во соопштението.