• Latest

Ромите – „непостоечки за државата“ и на испит на матура, од МОН и ДИЦ демантираат

June 18, 2025

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Ромите – „непостоечки за државата“ и на испит на матура, од МОН и ДИЦ демантираат

June 18, 2025 16:44
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари на својот Фејсбук профил објавија дека на содржината на една од задачите кои беа дел од испитот по македонски јазик од државната матура за 2025 година, на средношколците им бил даден текст во кој отворено и тенденциозно Ромите се прикажани како „необразовани, сиромашни и неспособни“ да се интегрираат во нашето општество. Станува збор за текст што се однесува на ситуацијата на Роми без државјанство, во кој социјалната состојба и правниот статус на оваа заедница се опишуваат на крајно проблематичен начин.

Повеќе ромски невладини организации преку писмена реакција изразуваат сериозна загриженост заради употребата на текст со антициганистички содржини, каде што Ромите се претставени исклучиво како сиромашни, неписмени и невидливи за државата, со што се создава стереотипна и деградирачка слика за цела етничка заедница. Јазикот кој се користи („буричкање по контејнери“, „непостоечки за државата“) придонесува кон нивна понатамошна дехуманизација и нормализирање на нивната исклученост.

„Особено загрижувачки е што ваков текст е поставен во контекст на образовен испит, каде учениците се повикуваат да репродуцираат содржина, без ниту едно прашање кое нуди можност за критичко размислување или проблематизирање на институционалната дискриминација. На овој начин, се пренесува порака дека ваквото претставување на Ромите е прифатливо, со што се продлабочуваат предрасудите и социјалната дистанца“, се вели во заедничкото соопштение на повеќе ромски организации. 

Фото: Фејсбук на Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Од Министерството за образвование и наука (МОН) за ЦИВИЛ Медиа велат дека информацијата не е точна, и дека текст каде што се спомнати Ромите нема на државниот испит по мајчин јазик.

„Задача со ваков текст по предметот мајчин јазик, не е дадена на државната матура. Информацијата не е точна“, вели Давор Политов, портпарол на МОН.

И директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска Михајловска, во изјава за ЦИВИЛ Медиа истакна дека текст во кој се спомнуваат Ромите нама на книшката на државната матура по македонски јазик.

„Ме изненадува како успеа да се фотографира тој тест, бидејќи им е забрането на учениците да користат мобилни телефони за време на испитот. Но, она што е побитно е дека нека содржина каде што се спомнува ромската етничка заедница. Откако ќе завршат сите прегледи, поплаки, жалби… во втората половина на месец јули ќе бидат објавени резултатите од државната матура за 2025, и ќе биде објавен и тестот по македонски јазик каде што сите ќе имаат увид да видат дека нема текст со навредлива содржина кон Ромите“, вели диркторката Јовчевска Михајловска.

Таа додаде дека немаат увид во интерните училишни матури.

„Можеби постои таков текст во интерните училишни матури, каде што има посебна комисија. Во случајов одговорност би имал раководителот (директорот/ката) на училиштето кој дозволил да има текст со таква содржина“, додава Јовчевска Михајловска.

На редакцијата ЦИВИЛ Медиа познато и е името на училиштето, меѓутоа во интерес да не влијае на резултатите од државната матура и евентуални „пресметки и одмазди“ врз „свиркачот“ кој ги достави фотографиите до невладината организација Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари засега нема да го открие името на средното училиште каде што се спроведе задолжителна училишна матура по предметот мајчин јазик.

Меѓутоа, пред ЦИВИЛ Медиа да го објави името на училиштето, Министерството за образование и наука има механизми во меѓувреме да открие кое средно училиште и директор(ка) дозволи да има текст со антициганистички содржини на испитот на училишната матура!

Дехран Муратов

Фото: Фејсбук на Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари и ВИ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ