Американскиот претседателот Џо Бајден навиртуелен состанок во петок ќе го одржи својот прв состанок со другите светски лидери од Г7 за да разговара за пандемијата со коронавирусот, светската економија и справувањето со Кина, соопшти Белата куќа во неделата.
Тоа е негова прва средба со лидерите од Групата на седум нации како претседател и воедно ја претставува смената во пристапот и справувањето со пандемијата и глобалните односи на поранешниот претседател Доналд Трамп, пренесува Си-Ен-Ен.
Тој специјално ќе се фокусира на областите вклучувајќи ја и „координација за производство, дистрибуција и снабдување со вакцини, како и континуирани напори за мобилизирање и соработка против заканата од појава на заразни болести преку градење на капацитет на земјата и воспоставување на план за финансирање на здравствената безбедност“, се наведува во соопштението на Белата куќа објавено во неделата вечер.
На виртуелниот состанок, чиј домаќин е Велика Британија, ќе се вклучат и лидерите на Канада, Франција, Германија, Јапонија, Европската комисија и Европскиот совет.
На домашен терен, Бајден го притиска Конгресот да донесе стимулативни пакети од 1,9 трилиони американски долари за зајакнување на американската економија и помош за сите кои се погодени од пандемија.
Белата куќа соопшти дека ќе разговара за својата економска агенда со колегите од Г7 и ќе ги охрабри нив и сите индустриски развиени земји да одржуваат „економска поддршка за закрепнување“ и други колективни мерки, соопштува Ројтерс.
Американската министерка за финансии, Џенет Јелен минатата недела разговараше со своите колеги од Г7 и повика на континуирана фискална поддршка за да се обезбеди економско закрепнување.