• Latest
Фото: БРИФ

Барби прва почна…

July 26, 2023

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Барби прва почна…

July 26, 2023 20:37
in ОПШТЕСТВО
Фото: БРИФ

Фото: БРИФ

Share on FacebookShare on Twitter

АНЕТА ТАСОВА

Новата фантастична комедија „Барби“ го предизвика т.н. лудило по совршената кукла, па сите, особено славните побрзаа да ѝ ја дадат својата поддршка и да изгледаат како „барбики“ во розевиот свет, без ни малку да се грижат за содржината на филмот. Се добива впечаток како Барби многу да ни помогнала и сега е нашиот ред да ѝ вратиме на Барби. Ѝ треба нашата поддршка за да продолжи да биде тоа што била, куклата во совршениот свет и што повеќе од нас го направат тоа, толку подобро. Да, тоа многу одговара за кампањата на филмот и за рекламата, но уште подобро е кога би се дало значење и на содржината на филмот и би се поддржала и идејата. Барби има криза на идентитетот, нејзиното постоење веќе го променило вистинскиот свет и сега таа, нејзе ѝ е редот да се прилагоди на новото. Иако, во почетокот, се обидува да го спаси сопствениот свет, кој за малку ќе ѝ го уништеше Кен, и комфорната зона на која е навикната, сепак продолжи да живее во несовршениот, нашиот свет што самата го избира на крајот.

Идејата за Барби надживеа многу генерации, се смета дека токму таа направила повеќе за жените и за феминизмот како движење, бидејќи налик обичната и прекрасна кукла била инспирација за многу девојчиња во животот да се обидат да бидат тоа што сакаат: пилоти, адвокати, докторки, судии па и претседатели на држави.

Но, кога веќе сето тоа било завршена работа, тие сосема заборавиле на барбиката, а за нивните ќерки воопшто немало таков предизвик, па и улогата на куклата немала веќе значење. Така и совршениот свет на Барби започнал да ја губи смислата, па ѝ останал еден избор, да оди во вистинскиот свет за да го задржи нејзиниот. Влечки или штикли се опциите од кои Барби треба да избере, таа сака штикли, но за да ја „заврши работата“, мора да избере влечки. Не сака да се менува, всушност секогаш има само еден единствен избор, потешкиот. И додека таа, иако не сака, сепак мора да го направи тоа што треба да се направи, нејзиниот Кен сакајќи да се докаже доаѓа со неа, во почетокот како поддршка, а потоа и како главен нејзин непријател. Тој сфаќа дека таа е главната во приказната, а тој е само Кен без да знае ни што тоа значи. Така, место да ѝ помогне, тој станува главен во нејзиниот свет и Барби ја доживува субината на жена избркана од дома, омаловажена, сама и виновна за сето тоа што не ни знае и како и дали воопшто го направила.

За да биде „трагедијата“ уште поголема тука се вмешува и компанијата „Mattel“ која има огромни загуби од „кризата“ во Барби светот и очајните директори се обидуваат да вратат сè како што си било, и да ја вратат Барби во „кутијата“.

Според заплетот може да се заклучи дека и двајцата, Барби и Кен, стекнувајќи нови пријатели ја откриваат суровата вистина на патот кон нивното просветлување како е да се биде обичен. Ова крвавење во острата реалност од опсесивно конструирана совршена фантазија потсетува на откритијата од „Шоуто на Труман“ и „Филмот ЛЕГО“.

Светот на Барби не се враќа назад, каков што беше претходно, бидејќи ни Барби не се чувствува повеќе како Барби и не сака да биде совршената жена од совршениот свет, туку сака да се соочи со вистинскиот свет и да биде дел од него. Кен исто така поминува низ фазата на иницијација и на крајот тој повеќе не е Кен од „Барби и Кен“, туку само Кен кој повеќе не сака да се докажува во Барби светот, туку во својот.

Во филмот лик од реалниот свет одржува говор за тоа што значела Барби во нејзиниот живот, но што воопшто значи и жената во светот, за загатката да се биде жена во контрадикторните стандарди во кои ja држи општеството и како на неа се гледа, треба да им биде благодарна на сите, да не згреши никому ништо и постојано да биде виновна за сè, нешто што воопшто не било познато во совршениот свет на Барби. Сепак овој говор е само храна за понатамошни разговори. Многу жени ќе се препознаат и ќе се согласат дека тоа е така, но говорот е само „подметната брокула во храната за мали деца“, бидејќи фокусот на филмот не е само за жените и како тие, во нивниот свет чувствуваат дека постојано треба да бидат совршени, да се натпреваруваат, сè што прават да биде најдобро, да бидат виновни за сè, да го избираат потешкиот начин, да бидат подобри од другите жени, на крајот да не добијат никакво признание, ниту пак благодарност за било што. Тоа не можеше да ѝ се случи на Барби, таа беше секогаш во право и немаше шанси да згреши. Токму тој свет се распадна.

Затоа кога веќе се фотографирате во „кутијата“ на Барби, треба да знаете дека Барби излезе од неа, излезе од измислените стандарди во нејзиниот свет и продолжи да живее во другите, несовршените, но вистинските стандарди каде што никој веќе не ја бара и каде што никој не знае дека таа е совршената „жена“. Никој не бара сите да бидеме како Барби и нашиот свет да биде совршен, сето тоа е идеја и само идејата може да биде вечна, сè друго се менува. Во совршениот свет, жената може да биде совршена, но во нормалниот, сето тоа е далеку од вистината. Сите можеме да бидеме тоа што сакаме и не само жените, туку и мажите. И Кен. И не мора да бидеме совршени.

Извор: БРИФ

Tags: Барбилудилосовршена кукла
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ