„Јас се согласувам со министерката Радмила Шекеринска кога зборува за синергијата на ЕУ и НАТО. ЕУ и НАТО се две страни на една монета. Процесот на нашето прилагодување е еднакво важен колку и самото членство. Важно е законот да се однесува на сите“, рече амбасадорката на Република Хрватска, Данијела Баришиќ, на трибината за НАТО на ЦИВИЛ Центар за слобода.
Таа додаде дека Хрватска кога влегувала во Алијансата, во време кога не постоеше меѓународен тероризам од ваков облик како денес, најмногу помогнале ваквите дебати за да го разбијат стравот кај граѓаните.
„Многу е поедноставно кога проблемите ги решавате заеднички. Затоа се зборува за заедничка колективна одбрана. Некои прашуваат зошто не би биле неутрални како Швајцарија. Да, но Швајцарија е во средината на ЕУ“, изјави Баришиќ.