• Latest

Бектеши со повик до партиите: Кој ќе изгуби на избори, да не се занимава веќе со политика

March 15, 2024

ВМРО-ДПМНЕ во Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија; СДСМ во Брвеница, Сопиште, Ѓорче Петров и Гази Баба

October 10, 2025
Фото: Скринчот од видео на WHAS11

Путин призна дека руската воздушна одбрана отворила оган врз азербејџанскиот патнички авион во 2024 година

October 10, 2025
Службите за итни случаи изгаснаа пожар во станбена зграда во Кијив преку ноќ на 10 октомври 2025 година, поради масовен руски ракетен и беспилотен напад врз критичната енергетска инфраструктура на Украина. Фото: Државна служба за итни случаи/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Убиено 7- годишно дете, 17 повредени –  дел од Кијив остана без електрична енергија и вода

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел го одобри планот на Трамп за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците

October 10, 2025
Фото: Б. Тахири

Дерала: Медиумите се слуги на партиските и олигархиските центри на моќ

October 9, 2025
Фото: Б. Тахири

Спасов: Измените на Изборниот законик се направени со Пржинскиот договор – тие норми се направени за тогаш, а не да траат до денес

October 9, 2025

Небиу: Изборите не се фер, пристапот кон парите, ресурсите, гласачите не е ист за сите

October 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американците не ја сакаат Трамповата федерална репресија со Националната гарда, тој сепак притиска напред

October 9, 2025
Вујкото на заложникот што го држи Хамас зборува за Си-Ен-Ен поради надежите за прекин на огнот. Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел проценува дека Хамас нема да може да ги врати останките на сите преостанати починати заложници

October 9, 2025

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност: Предизвици и решенија

October 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Бектеши со повик до партиите: Кој ќе изгуби на избори, да не се занимава веќе со политика

March 15, 2024 17:19
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на ДУИ Али  Ахмети е авторизиран да преговара со сите политички партии, невладини организации, интелектуалци, активисти и слично во делот на можно коалицирање за наредните парламентарни избори. И тоа веќе го прави. Во делот на коалицијата со СДСМ во моментов кога зборуваме не сме многу блиску за да има таква коалиција, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Сите опции се отворени до крајниот рок кога се доставуваат листите. Веќе знаеме дека во делот на претседателските избори ние имаме наш кандидат кој прави одлична кампања до овој момент, е најподготвениот кандидат од сите можни кандидати, најискусниот кандидат во делот на меѓународната политика, во делот на безбедносната политика. Би ги охрабрил сите други кандидати на политичките партии да излезат на отворени дебати со Османи и граѓаните да оценат согласно тоа што се понудува и согласно тоа што е сработено во надлежностите што ги има претседателот на нашата држава согласно Уставот, рече Бектеши во одговор на прашање при денешното одбележување на Светскиот ден на потрошувачите.

Бектеши нагласи дека во делот на парламентарните избори ДУИ согласно сите анкети е победник во албанскиот блок.

-Во делот на коалицијата со СДСМ секако дека во моментов кога зборуваме не сме многу блиску за да има таква коалиција, но најважно од се’ е дека кога победува ДУИ победуваат граѓаните, а веќе се знае дека ДУИ ги победува наредните парламентарни избори во однос на другите политички партии јас ги охрабрувам да бидат што повеќе на терен и да дадат конкретни понуди за граѓаните, истакна Бектеши.

Прашан дали ќе се повлече Ахмети од политиката доколку ДУИ изгуби на изборите, рече дека тоа е прашање за Ахмети.

-Тоа е прашање за г. Ахмети. Но, ве повикувам да направиме договор меѓу сите политички партии тој што ќе изгуби веќе да не се занимава со политика. Ние ја фрламе ракавицата нека повелат сите политички партии вклучувајќи го и ВМРО-ДПМНЕ, па и другите политички партии, нагласи Бектеши.

На прашањето дали тоа би го направиле и доколку ДУИ не биде дел од идната Влада рече дека тоа е хипотетички.

-Тоа е хипотетички, но ако сакаат тоа би го направиле и со договор, тоа важи и за ВМРО-ДПМНЕ која знае дека само со ДУИ не може да се мери ни во избори, ни во идеи, па и што да се случува во однос на политичките партии. Еве, уште еднаш јавно преку медиуми ги повикувам нека повелат и ако сакаат и јавно да потпишеме дека тој што ќе ги изгуби изборите нема веќе да се занимава со политика. Но, зошто ова не би се случило, заради тоа што овие т.н. лидери на политички партии, ова не важи само за македонската опозиција и за другите лидери сите изгубиле избори и не еднаш, повеќепати, само Ахмети никогаш не изгубил и никогаш нема да изгуби избори, порача Бектеши.

Прашан дали ќе останете министер за економија или ќе биде министер во друг ресор доколку ДУИ партиципира и во следната влада, Бектеши  рече дека не е важно дали тој лично ќе биде министер за економија или, пак, министер во владата.

-Најважно од се’ е да победи идејата, визијата која ја презентира ДУИ. Во тој момент кога победува ДУИ ќе биде добро за граѓаните на нашата држава, а не е важно дали тоа ќе биде Крешник или, пак, некој друг од моите колеги заради тоа што ние не гледаме каде ќе бидеме лично, но работиме, гледаме каде ќе бидат граѓаните и државата во иднина, посочи Бектеши.

Истакна дека има целосна мобилизација на членството на ДУИ и додаде дека победата на изборите не се дискутира во нивните редови, туку се очекува.

-Веќе се знае, само се дискутира разликата која би била меѓу ДУИ и опозицијата. Во делот на претседателските избори веќе почнуваат да излегуваат првичните анкети каде што нашиот кандидат Бујар Османи има голема предност пред Таравари и сега би сакал и јавно да кажам дека е многу блиску за да влезе во вториот круг со еден од кандидатите на другите политички партии кои учествуваат во изборите, посочи Бектеши./ МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ