• Latest

Бектеши: Во Собранието уште има закони од четвртиот пакет, опозицијата да не блокира, туку да нуди решенија

March 17, 2021
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

September 17, 2025

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

September 17, 2025
Trump arriving to the UK
Source: screenshot CBS

Трамп синоќа пристигна во Велика Британија во втора државна посета

September 17, 2025
Фото: ЦУК

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари

September 17, 2025

Продолжен притворот за нови 48 часа на четворицата за пожарот во Трубарево

September 17, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш за ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Во Собранието уште има закони од четвртиот пакет, опозицијата да не блокира, туку да нуди решенија

March 17, 2021 13:16
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Не само од петтиот сет економски мерки, туку и од четвртиот антикризен пакет се уште има законски решенија кои не ги поминале ни комисиите во Собранието. Тоа е вистината. Ја повикувам опозицијата која ги толкува бројките како што сака, да ги поддржи сите законски решенија, а ако не и се допаѓаат, да понуди алтернатива за да ги подобриме, не да блокира“, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

По панел дискусијата „Нееднаквост во време на корона“, Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања, уште еднаш истакна дека целта на Владата е да креира што подобри решенија за помошта да биде насочена каде што треба, но низ разговори со опозицијата и со сите останати чинители.

„Во Собранието се уште има недонесени закони за реализирање на четвртите пакет мерки. Четвртиот сет економски мерки ги даде своите резултати, но треба да се има предвид дека во Собранието уште стојат законски решенија од четвртиот сет мерки кои се во Комисијата за финансии во делот на докапитализација на македонската банка за развој, но истовремено и во делот на новата мерка за воведување гаранција за извозно ориентираните компании и зголемување на капацитетот на Развојната банка за да дава бескаматни кредити за сите наши компании. Опозицијата ги толкува бројките како што сака. Ги повикувам да ги поддржат сите законски решенија. Ако не ги сакаат овие законски решенија, нека понудат алтернативи за да ги подобриме законските решенија, а не да блокираат“, рече министерот.

Ние сме тука, подвлече Бектеши, за да разговараме и со опозицијата и со другите чинители за да креираме што подобри политики и помошта навистина да биде насочена таму каде што треба, а насочена е кон работниците, за исплата на плати, но и во делот на компаниите за зголемување на ликвидноста.

Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ претходно изјави дека се реалност забелешките на кои подолго време укажува опозицијата. Тој не знае, како што рече, зошто цел месец се чека да се донесат законите од петтиот пакет во Собранието. Според Муцунски, таквата неагилност загрижува.

„Имаме ненавремена и недоволна реакција на извршната власт во однос на квалитетни и опипливи економски мерки. Јазот меѓу богатите и сиромашните се зголемува, се зголемува невработеноста, компаниите не добиваат доволно помош. Веројатно недостасува соодветен дијалог со релевантните чинители, со стопанските комори, треба многу повеќе јавни средства да бидат влејани во приватниот сектор. Ова е време кога државата треба да издвојува многу повеќе за помош на компаниите. Потребно е заеднички да се реагира, да се слуша гласот на сите засегнати страни. Постои одредена помош што ја поддржуваме и го повикуваме парламентрарното мнозинство, не знам зошто се чека веќе еден месец како точка на дневен ред да се стават законите кои се дел од петтиот пакет. Тие се доставени до Собранието во средината на февруари. Седницата со која ќе почне процесот на нивно донесување е закажана дури за следната недела. Навистина загрижува таа неагилност во сите тие процеси, но ние како опозиција ќе нудиме предлози и решенија, секогаш ќе бидеме во комуникација со приватниот сектор за да им се помогне, да се зачува нивната ликвидност и да се заштитатр работните места“, нагласи Муцунски./МИА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    204 shares
    Share 82 Tweet 51
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ