Белата куќа соопшти дека САД ги запреле некои испораки на оружје за Кијив, бидејќи војната на Русија против Украина се интензивирала, јавува Би-Би-Си.
Одлуката е донесена „за да се стават интересите на Америка на прво место“ по прегледот на Министерството за одбрана на американската „воена поддршка и помош за други земји“, изјави портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, во вторникот.
САД испратија десетици милијарди долари воена помош за Украина откако Русија ја започна својата целосна инвазија во февруари 2022 година, што доведе до тоа некои во администрацијата на Трамп да изразат загриженост дека американските залихи се премногу мали.
Украинската влада не коментираше за соопштението. Американските претставници не кажаа веднаш кои испораки се запрени.
Д. Т.