Белгискиот премиер изјави дека предлогот на Европската комисија за користење на имобилизирани средства на руската централна банка за финансирање на „кредит за репарација“ за Украина нема да се реализира, пренесе Euractiv.
Овој потег фрла огромна пречка во планот на извршната власт на ЕУ да ги користи паричните салда поврзани со 200 милијарди евра замрзнати средства за поддршка на буџетските потреби и реконструкцијата на Киев.
Поголемиот дел од средствата се чуваат во Euroclear, клириншка куќа со седиште во Брисел – што ја прави Белгија клучен играч во преговорите со ЕУ.
„Земање на парите на Путин и оставање на ризиците кај [Белгија]. Тоа нема да се случи, дозволете ми да бидам многу јасен во врска со тоа“, рече премиерот Барт де Вевер на маргините на состанокот на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
„Ако земјите видат дека парите на централната банка можат да исчезнат, ако европските политичари сметаат дека е соодветно, тие би можеле да одлучат да ги повлечат своите резерви од еврозоната“, додаде тој.
Коментарите дојдоа откако германскиот канцелар Фридрих Мерц го поддржа планот на Комисијата во колумна објавена во „Фајненшл тајмс“ во четврток.
„Се залагам за мобилизација на финансиски ресурси на ниво што ќе обезбеди воена отпорност на Украина во текот на неколку години“, напиша Мерц.
Во тенко прикриена критика кон својот германски колега, Де Вевер ги повика колегите лидери на ЕУ да „разговараат и да смислат нешто, наместо да споделуваат мислење секој ден“.
Белгиски функционер подоцна разјасни дека Белгија категорично не го исклучува планот на Комисијата, туку сака да види значително повеќе детали пред евентуално да се согласи
Портпаролот на Комисијата рече дека тие не коментираат коментари, но дека извршната власт на ЕУ работи напорно на подготовка на предлогот, oбјави Euractiv.