Првиот основен суд во Белград ја отфрли иницијативата на адвокатот Мироје Јовановиќ за лишување на српскиот претседател Александар Вучиќ од деловна способност, но утврди дека наводите во иницијативата содржат елементи на кривични дела што се гонат по службена должност, објави неформална група судии и обвинители, пренесува Н1.
Тие во соопштението наведоа дека иницијативата е отфрлена бидејќи е поднесена од „неовластено лице“, но дека е „многу важно“ што судот утврдил дека наводите во иницијативата содржат елементи на кривични дела што се гонат по службена должност, па затоа случајот е препратен во надлежност на Првото основно јавно обвинителство во Белград.
Тие во изјавата не прецизирале за кои елементи од кривичните дела станува збор, пишува Н1.