• Latest
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

Конфликтот траеше од 2003 до 2020 година и беше една од најтешките хуманитарни катастрофи во светот, со обвинувања за етничко чистење и геноцид врз неарапското население во регионот

October 7, 2025 15:01
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Share on FacebookShare on Twitter

Водач на суданската милиција, Али Кушајб е прогласен за виновен за извршување воени злосторства и злосторства против човештвото во регионот Дарфур пред повеќе од 20 години, пренесува Би-би-си.

Али Мухамед Али Абд-Ал-Рахман, попознат како Али Кушајб, беше еден од водачите на Џанџавид, група поддржана од владата која го тероризираше Дарфур, убивајќи стотици илјади луѓе.

Кушајб е првото лице кое е судено од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за злосторствата во Дарфур. Тој тврдеше дека станува збор за случај на погрешен идентитет.

Конфликтот траеше од 2003 до 2020 година и беше една од најтешките хуманитарни катастрофи во светот, со обвинувања за етничко чистење и геноцид врз неарапското население во регионот.

Пет години по завршувањето на таа криза, Дарфур е клучно бојно поле во друга граѓанска војна, овој пат помеѓу суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (RSF), чие потекло лежи во Џанџавид.

За време на судењето на Кушајб, преживеаните опишаа како нивните села биле запалени, мажите и момчињата биле заклани, а жените принудени на сексуално ропство.

Претседавачката судијка Џоана Корнер рече:

„Тој ги охрабрувал и давал инструкции што резултирале со убиства, силувања и уништувања извршени од страна на Џанџавидите“.

Таа додаде дека Кушајб дал наредби да се „збришат и отстранат“ неарапските племиња и им рекол на војниците „да не оставаат никого зад себе. Да не донесат никој жив“.

Водачот на милицијата беше прогласен за виновен по 27 точки од обвинението, фокусирани на напади извршени помеѓу 2003 и 2004 година.

Војната во Дарфур започна откако владата доминирана од Арапите во тоа време ги вооружи Џанџавидите, во обид да го потисне востанието на бунтовниците од црните африкански етнички групи.

Џанџавидите систематски напаѓале неарапски селани обвинети за поддршка на бунтовниците, што довело до обвинувања за геноцид.

Истото систематско насилство сè уште се случува во Дарфур како дел од сегашната граѓанска војна во Судан.

Многу од борците на Џанџавид се префрлија во Силите за брза поддршка (RSF), паравоената група што се бори против суданската армија.

Велика Британија, САД и групите за човекови права ги обвинија RSF за спроведување етничко чистење врз неарапските заедници во Дарфур уште од почетокот на конфликтот во 2023 година.

Д. Мишев

Tags: Водач на суданската милиција осуден за воени злосторстваДарфуретничко чистењеСудан
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ