• Latest
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026 17:50
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Амб. Лариса Дир
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Денес, 24 август, Украина го одбележува својот најголем државен празник – обновување на Денот на Независноста.

На 24 август 1991 година, Врховната Рада, продолжувајќи ја илјадагодишната традиција на градење државност во Украина и спроведувајќи ја Декларацијата за државниот суверенитет на Украина, ја прогласи Независноста на Украина.

Независноста и слободата за Украинците отсекогаш биле темелни вредности што ги поттикнувале на борба и им давале сила да го зачуваат својот идентитет во времињата без сопствена држава.

За време на воената агресија на рф против Украина, сила ни дава поддршката од нашите земји-партнери, кои ѝ обезбедуваат на Украина воена, финансиска и хуманитарна помош, како и поддршка во создавањето и функционирањето на Специјалниот трибунал за кривичното дело агресија на рф против Украина.

Таков израз на помош и знак на солидарност е и тоа што денес, токму на овој ден – Денот на обновувањето на независноста на Украина, имаме можност да се собереме во прекрасната сала на Собранието на Република Северна Македонија, која го носи името на вистинскиот пријател на Украина, претседателот Борис Трајковски.

Украина го цени формирањето во македонското Собрание на Меѓупартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, чија денешна седница е посветена на украинскиот Ден на Независноста.

Од украинска страна сакам да изразам благодарност за ваквиот формат на поддршка, а за нас претставува голема чест да ја добиеме поддршката од членовите на македонскиот парламент.

Како што е познато, Кримската платформа е консултативно-координативен формат инициран од Украина. Платформата е насочена кон зголемување на ефикасноста на меѓународниот одговор на руската окупација на Крим, одговор на растечките безбедносни закани, зајакнување на меѓународниот притисок врз Кремљ, спречување на натамошните прекршувања на човековите права и заштита на жртвите на окупацискиот режим на рф.

Активностите на Кримската платформа се одвиваат паралелно на неколку нивоа: шефови на држави и влади; министри за надворешни работи; парламенти и меѓупарламентарни собранија; граѓанско општество. Северна Македонија обезбедува активно учество во сите формати на Кримската платформа, а Украина високо го цени ова учество и е благодарна за оваа цврста поддршка во време на невидена руска воена агресија против Украина.

Одржувањето на Шестиот самит на Меѓународната Кримска платформа е планирано во рамките на сегментот на високо ниво на 81. сесија на Генералното собрание на ОН, која ќе се одржи во Њујорк во септември. Украина се надева на учество на македонската страна на самитот на највисоко ниво.

Петтиот парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа ќе се одржи во декември оваа година во Лондон. Ценејќи го учеството на македонскиот парламент на претходните самити, се надеваме на учество на Собранието и овој пат.

Денес независноста на Украина е гаранција за слободниот развој на државата и на Европа. Таа е главната пречка за рф, која, применувајќи вооружена агресија, се обидува политички, економски и духовно да ја апсорбира Украина и да ја подели Европа на сфери на влијание.

Агресивната политика и војната против Украина го уништија безбедносниот поредок во Европа.

Во завршните документи од самитите на НАТО, Руската Федерација официјално е препознаена како најзначајна и најдиректна закана за безбедноста на сојузниците, мирот и стабилноста во евроатлантскиот простор.

Илјада шестотини четириесет и три дена целосна руска вооружена агресија – Украина ја брани својата Независност. Украинците веруваат дека ќе можат да постигнат мир на целата своја земја, бидејќи имаат карактер. Украина е способна за тоа. Имаме сила и дух за отпор, но исто така ни е потребна помош – потребни ни се ракети за системите „Патриот“, бидејќи рф речиси секојдневно изведува комбинирани напади – со голем број балистички и крстосувачки ракети и дронови. Потребни ни се ракети за да ги соборуваме руските балистички ракети, кои безмилосно уништуваат животи во Украина. Украина е благодарна за навремените политички одлуки на партнерите, а Украинците, со својата способност да ѝ се спротивстават на руската империјална агресија, докажаа дека ја заслужуваат помошта од партнерите во добивањето оружје.

Украина високо го цени придонесот на партнерите во програмата PURL, како и учеството на државите во Коалицијата на волонтерите – посебна благодарност до Северна Македонија за учеството во овие форми на соработка. Сите овие формати и форми на соработка се помош не само за Украина, туку и придонес кон зајакнувањето на европската безбедност. Кремљ вложува огромни ресурси во обидите да ги дестабилизира европските демократии преку мешање во изборите, внатрешните работи и ширење дезинформации. Сите овие ризици можат да се надминат со решителна политика за спротивставување на руското хибридно влијание, пропагандата и манипулациите.

Важна компонента за ослабување на руската агресија е зајакнувањето и спроведувањето на санкциите на ЕУ против рф. Потребно е значително да се зајакнат санкциите против сите физички и правни субјекти во светот, мрежите за набавка и финансиските институции кои ѝ помагаат на рф да купува и да пренесува во Руската Федерација критични компоненти за производство на оружје. Ова оружје се користи против Украинците. Повеќето од овие компоненти се од западните земји. Истото се однесува и на севернокорејските ракети што се испорачуваат во Руската Федерација. Овие ракети не би можеле да се произведуваат без испорака на критични компоненти од други земји.

рф продолжува со ракетните напади и нападите со дронови врз мирните украински градови, убива цивили и систематски нанесува удари врз критичната инфраструктура. Од бесмислениот руски огнен терор Украинците страдаат секој ден и секоја ноќ. Особено загрижувачки се податоците на Мониторинг-мисијата на ОН за човекови права – јули 2026 година стана еден од најкрвавите месеци за цивилното население на Украина од почетокот на целосната инвазија на рф. Во текот на само еден месец, во Украина, од руските напади загинаа најмалку 437 цивили, а уште 2610 лица беа повредени.

Овие бројки ја покажуваат промената на карактерот на руската воздушна кампања на терор. Ракетите со долг дострел и беспилотните летала станаа главна причина за цивилните жртви во јули – на нив отпаѓаат 38% од сите загинати и повредени. Притоа, најголемиот дел од овие жртви беа регистрирани далеку од линијата на фронтот, во големите украински градови.

Тоа значи дека за милиони Украинци војната не завршува на стотици километри од фронтот.

Рускиот терор, кој трае веќе петта година по ред, може да се следи во вестите од страна, а може и навреме да се пружи помош.

Зајакнувањето на украинската ПВО е значајно не само за Украина. Заштитата на украинските градови од балистички напади е стратешка инвестиција во европската безбедност. Безмерно и искрено сме им благодарни на сите наши партнери кои помагаат уште од првите денови на руската инвазија на територијата на суверена и независна Украина. Веруваме дека поддршката и помошта од партнерите, како и нашата способност да ја обновиме безбедносната архитектура во Европа, ќе обезбедат и мир, и безбедност, и мирно одбележување на 36-годишнината од обновувањето на Независноста на Украина.

Уште еднаш сакам да му се заблагодарам на раководството на македонското Собрание, особено на Претседателот на Собранието Африм Гаши и на Потпретседателот Антонио Милошоски, за можноста овој настан да се одржи токму тука, а исто така ѝ благодарам и на вашата пријателска екипа. Многу ја ценам поддршката. Искрено Ви благодарам Вам и на сите што денес се наоѓаат во оваа сала, што дојдовте да ја поддржите Украина, како и да упатите зборови на поддршка.

 


Овој текст е обраќањето на амбасадорката на Украина, Лариса Дир, на посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Сесијата се одржа на 24 август 2026 година во Собранието на Република Северна Македонија. Обраќањето го објавуваме интегрално.


Преземањето на оваа содржина е слободно | ЦИВИЛ МЕДИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ