• Latest
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026 14:13
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Фотографија: Собрание на РСМ

Фотографија: Собрание на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

„Слободата се почитува. Независноста се брани. А иднината ја создаваат оние што одбиваат да се откажат од неа“, порача потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, на посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина.

Говорејќи за истрајноста на украинскиот народ и за неговата борба за слобода и независност, Милошоски истакна дека украинската определба за сопствена иднина е длабоко вкоренета во историјата и дека правото на секој народ самостојно да ја определува својата иднина мора да биде почитувано.

„Секој народ има право самостојно да ја определува својата иднина и да живее во мир и безбедност“, порача Милошоски, нагласувајќи ја важноста од почитувањето на меѓународното право во услови на сериозни безбедносни предизвици на европскиот континент.

Потпретседателот на Собранието ја истакна солидарноста со Украина, нагласувајќи дека поддршката не е само политичка, туку пред сè човечка.

„Оваа земја стои во солидарност со украинскиот народ. Со братскиот украински народ. Нашата поддршка не е само политика, таа е пред сè и човечка“, рече Милошоски.

Тој потсети дека војната остава длабоки последици врз семејствата, децата и заедниците, но и врз идните генерации, поради што, како што нагласи, дипломатскиот ангажман и дијалогот треба да добијат централно место во напорите за постигнување траен и праведен мир.

„Мирот не значи само прекин на конфликтот, туку создавање услови Украина да може слободно, безбедно и достоинствено да ја гради својата иднина“, порача тој.

Милошоски истакна дека Северна Македонија, како земја која го избрала европскиот пат, ја разбира важноста на солидарноста, партнерството и заедничкото дејствување.

„Ќе продолжиме да бидеме доверен партнер и да придонесуваме кон напорите за стабилност, мир и безбедност во Европа“, рече тој.

Во тој контекст, тој ја нагласи важноста од континуирана поддршка за Украина и од заеднички европски и меѓународни напори за безбедност и мир.

Во својот говор, Милошоски се осврна и на Тарас Шевченко – еден од најзначајните украински поети и симбол на украинската култура, јазик и борбата за слобода.

На 24 август 1991 година, Украина го прогласи своето право на независност, а денес, по 35 години, тој идеал има уште поголема тежина како определба за Украина да постои како самостојна и слободна држава.

„Нашата порака денес е едноставна и јасна: стоиме со Украина и со украинскиот народ и посакуваме што поскоро да дојде денот кога мирот, слободата и безбедноста повторно ќе бидат реалност за сите граѓани на Украина“, порача Милошоски.

Одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина во Собранието беше во знакот на солидарноста со украинскиот народ, почитувањето на неговото право на независност и поддршката за мирна, безбедна и слободна иднина.

ЦИВИЛ Медиа Деск

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ