• Latest
Фото: A Russian train transports military vehicles arriving for drills in Belarus. (Belarus Defense Ministry / AFP)

Белорусија полна со руски трупи, се враќа ли Советскиот сојуз на голема врата?

February 1, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Белорусија полна со руски трупи, се враќа ли Советскиот сојуз на голема врата?

Организацијата на „сајбер-партизаните“ на шините во Белорусија избројале 800 композиции со воена опрема која дошла од Русија во нивната земја. Дали е тоа насочено кон Украина и/или кон Полска? Граѓаните на земјата, која навидум е независна, се прашуваат: дали нивниот суверенитет постои? На постарите читатели секако им се враќа асоцијацијата на доктрината на Брежњев за ограничен суверенитет од 1968 година

February 1, 2022 10:04
in ПОЛИТИКА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: A Russian train transports military vehicles arriving for drills in Belarus. (Belarus Defense Ministry / AFP)

Фото: A Russian train transports military vehicles arriving for drills in Belarus. (Belarus Defense Ministry / AFP)

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Во едно од последните изданија на британски „Гардијан“ излезе статија на дописникот од Москва, Ендрју Рот за тоа колкава сѐ воена сила влегла во Белорусија во светлината на актуелната ситуација со Украина и заканата од напад на Русија. Од неговата преписка со група на опозиционери во Минск произлегоа неколку податоци врзани за стационирање на огромна руска сила во нивната земја. Потенцијалните хакери од највисок ранг најпрвин докажале дека имаат точни податоци за влезот на тенковите и другото тешко оружје со користење на железницата (на пример, ги дале точните датуми на поминување или престој на Рот во Белорусија и времетраењето на тие боравења). Активистите тврдат дека можат да ги парализираат возовите што ги движат руските сили за потенцијален напад врз Украина, за да го спречат тој процес на претворање на Белорусија во голема странска касарна. Нивната дилема повеќе е врзана за она „кога“ отколку за она „дали“, бидејќи, се уверени дека нивната земја нема веќе целосен суверенитет и дека најблаго речено е во некаква унија со Русија,

Целите на групата, која во електронски сообраќај се потпишува со кириличната буква „ж“, вклучува ослободување политички затвореници, отстранување на руски војници од Белорусија и спречување Белорусите да „гинат за оваа бесмислена војна“.

Фото: Транспорт на руско оружје во Белорусија/ theguardian.com

Еден член на „сајбер-партизаните“ му рекол на дописникот на „Гардијан“ дека групата досега ги криптирала или уништила внатрешните бази на податоци што белоруските железници ги користат за контрола на сообраќајот, царината и станиците, акција што може да предизвика доцнење на комерцијалните и некомерцијалните возови и „индиректно влијае на руското движење на војниците“.

Нивниот – разбирливо – непроверениот локален извештај вели дека до сега во земјата влегле 200 возови со руски војници и опрема (за илустрација воените заеднички вежби во 2021 година опфатиле само 29 возови),

„Партизаните“ тврдат дека имаа пристап до многу чувствителни податоци  во делот на серверите на Министерството за внатрешни работи на Белорусија, добиле пристап до базата на податоци за пасоши, тајни досиеја на белоруски шпиони и безбедносни функционери на КГБ, полициски бази на податоци на информатори и затворени CCTV мрежи кои ја блокираат полицијската бруталност и тортура. Тие објавија дека имаат часови од прислушуваните разговори, претежно од оние кои се на највисоките функционери.

Но, дилемите на овие опозиционери не враќаат во времето на постоењето на СССР. Варшавскиот пакт и случаите на воена интервенција во земјите на „сопствениот двор“ (ГДР – 1953 г., Унгарија – 1956 г. и Чехословачка- 1968 г.). По воената интервенција во тогашен ЧССР во август 1968 година, првиот човек на Источниот блок во било која смисла – Леонид Брежњев, говорел дека воените интервенции го чуваат единството во социјалистичкиот лагер. Во формален смисол тој термин го воведуваат „кремљолозите“ во Вашингтон, но и извесен теоретичар  С. Коваљев кој пишува уводник за московска „Правда“ на 26 септември 1968 (едем месец по интервенцијата во Чехословачка) под наслов „Суверенитетот и интернационалистичките обврски на социјалистичките земји“. Во текстот авторот заклучува дека според марксистичкото сфаќање, правните норми и меѓусебните обврски на социјалистичките земји не можат да се толкуваат „тесно формално“ (денес би се рекло: потребно е „креативно толкување“), надвор од општиот контекст на класата. борба и меѓународни односи. Дури потоа, во својот говор на Петтиот конгрес на Полската обединета работничка партија на 12 ноември 1968 година, Брежњев, истакнува: „Но, познато е дека постојат и општи закони на социјалистичката конструкција, од кои отстапувањето може да доведе до отстапување од социјализмот како таков. И кога внатрешните и надворешните непријателски сили на социјализмот се обидуваат да го свртат развојот на една социјалистичка земја во насока на враќање на капиталистичкиот поредок, кога постои опасност за социјализмот во таа земја, опасност за безбедноста на целата социјалистичка заедница – тогаш тоа веќе не е проблем само на конкретната социјалистичка земја“.

Фото: Советската интервенција во Берлин во 1953 година

Накратко: доктрината за ограничен суверенитет всушност би ја означувала практиката на Советскиот Сојуз, како тогашна суперсила на светската сцена, цврсто да го држи заедно својот воено-политичко-економски сојуз. Доктрината всушност значеше дека земјите-членки на Варшавскиот пакт (истовремено членки на Советот за взаемна економска помош – CЕП) имаат обврска за координирана заедничка акција во сите меѓународни прашања, дека се значително ограничени во спроведувањето не само на надворешната политиката и одбраната, но и во некои домени и во водењето на внатрешната политика. Откако станаа дел од еден блок, овие држави мораа да се согласат да го ограничат нивниот суверенитет заради заеднички интерес што ги надминува парцијалните.

фото: демонстрации во Прага во 1968 година кои предизвикаа воена интервенција на СССР

Во време на воената интервенција во ЧССР од 1968 г. западните земји реагираа млако. Имаше вербално осуди на тој чин, но не се отиде далеку од тоа. Никој друг, туку генерал Де Гол го објасни тој став. Три дена по влезот на тенковите во Праг тој рече дека не го интересира она што се случува од другата страна на „железната завеса“. Она што го договориле лидерите на САД, Британија и СССР на Јалта е практично поделбата на континентот на зони на интерес и – толку. Тоа треба да се почитува, односно е дел од логиката на потврдување на„ограничениот суверенитет“. И реакцијата на Западот во однос на воените дејкствија на Путин во Украина (анексијата на Крим, де факто припојувањето на Донбас) има елементи од онаа поговорка дека „историјата се повторува…“. Но не е секогаш тоа фарса, туку многу, многу опасна ситуација по светскиот мир.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ