• Latest

Бесими: Државата има доволно средства за петтиот пакет економски мерки

March 19, 2021
Фото: МИА архива

Според поранешна шефица на МИ5, Велика Британија можеби е веќе во војна со Русија поради интензитетот на сајбер нападите и саботажите

September 29, 2025

Стартува кампањата на политичките партии: ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, СДСМ во Крушево, Меџити кај „Скендербег“

September 29, 2025

Почна официјалната дваесетдневна кампања за локалните избори

September 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Проевропската партија на Маја Санду пред победа на парламентарните избори во Молдавија

September 29, 2025

Протести и контра-протести во Србија

September 28, 2025

Филипче: Наша должност е да ја запреме разулавената власт, да се обединиме и да го спречиме рушењето на нашиот заеднички дом и на сето она што сме го постигнале

September 28, 2025
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кијив, рано наутро, 28 септември 2025, погодени станбени згради (фото извор: Кијивска регионална администрација)

Украинската амбасадорка Дир за ЦИВИЛ: Државата-агресор продолжува со терор против украинските градови и граѓани

September 28, 2025

„Сива зона“ – игра за млади за подигнување на свеста за корупцијата

September 28, 2025

Избори, нервоза и сказни

September 28, 2025

Гаши: Избори без притисок, користење на говор на омраза, поларизирачка пропаганда и злоупотреба на јавните ресурси

September 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Државата има доволно средства за петтиот пакет економски мерки

March 19, 2021 09:22
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претпријатијата и во наредниот период можат да очекуваат помош од државата, а 100-те милиони евра што треба да стигнат се токму за поволни кредити во приватниот сектор што беа спомнати во четвртиот пакет на економски мерки за справување со ковид кризата, порача вчера министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Владата има предвидено 50 милиони евра во Буџетот за ковид програмата и овие средства се повеќе од доволни за да се реализира петтиот пакет мерки во делот на платите за февруари и март, но  и за другите инструменти што се преку Развојната банка како што се поволните бескаматни кредити со 12-месечен грејс период, рече Бесими во интервју за ТВ Сител и додаде дека од вкупно 160-те милиони евра за петтиот пакет, 50 милиони се буџетски средства што веќе се предвидени.

Тој нагласи дека во Буџетот има средства и тој е ликвиден.

-Овој период е добро планиран, а добра е и реализацијата во делот на приходите чија реализација е 99 отсто. Ликвидноста на Буџетот апсолутно не е доведена во прашање и сега за сега е во добра кондиција и во однос на плати и во однос на стопанството. Нема ниту потреба, ниту место за шпекулации зашто фактите зборуваат дека даночните приходи од јануари до 15 март се за 4,1 отсто поголеми отколку во истиот период лани, вкупните приходи за 3,3 отсто, а зголемување имаат и приходите од придонеси и ДДВ и се поголеми од периодот кога немаше криза, појасни Бесими.

Сепак, нагласи, при креирањето на Буџетот имавме две сценарија, едното е базично и оптимистичко и предвидува раст од 4,1 отсто, а другото е песимистичко доколку се влоши состојбата со пандемијата и тоа предвидува да има раст од 2,1 отсто.

-Сега за сега бројките се добри и покажува дека ќе се постигне базичното сценарио, но тоа многу ќе зависи од тоа како во иднина ќе се развие состојбата со Ковид – 19. Ребаланс секако се планира кон средина на годинава и со него ќе се адаптира и приходната и расходната страна во зависност од импактот што ќе го има здравствената криза на економијата и какви ќе бидат потребите за нови мерки, потенцира Бесими.

Најави дека од ЕИБ и во наредниот период може да се очекува поддршка за реализација на идните развојни инфраструктурни проекти, но и за стопанството и посочи дека тоа е договорено на неодамнешните средбите што ги имаше во Луксембург со раководството на Европската инвестициска банка заедно со премиерот Заев. 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ