• Latest

Бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува утре

November 21, 2019
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува утре

November 21, 2019 14:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бесплатно вакцинирање против сезонски грип со кое се опфатени постари лица на возраст над 65 години, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години и хронично болни, почнува утре во центрите за јавно здравје, каде ќе се одвива во две смени, како и во поликлиниките Букурешт, Ѓорче Петров и во Чаир, каде ќе се одвива во периодот од 14 до 18 часот. Бесплатното вакцинирање против сезонски грип во Центарот за јавно здравје – Скопје ќе се одвива и во сабота од 7 до 14 часот.

Станува збор за вакцини од реномирани странски производители, меѓу кои 27.000 вакцини се од „Mylon Abot“, а 1.000 вакцини од „Sanofi“.

Бесплатното вакцинирање против сезонски грип денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со директорите на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски и Бесим Кока ја посети Поликлиниката Букурешт.

– За оваа сезона набавивме 28.000 вакцини од кои 27.000 се за возрасни, а 1.000 се за деца. Потребно е секој кој е заинтересиран и влегува во една од овие групи да закаже преглед преку системот „МојТермин“ кај матичниот лекар и бесплатното вакцинирање ќе се спроведе во еден од трите пунктови во рамките на Здравствениот дом Скопје, во поликлиниките Букурешт, Ѓорче Петрови и во Чаир. Дополнително на овој број набавени се уште 20.000 вакцини во рамки на центрите за јавно здравје, каде кој било граѓанин може комерцијално да ја купи вакцината и да биде вакциниран, рече Филипче.

 

Апелираше да се вакцинираат сите кои влегуваат во овие ризични групи, поради тоа што станува збор за модерна четиривалетна вакцини која ги покрива сите можни причинители на грипот кој според епидемиолошките карактеристики се очекува да владее во регионот и во нашата земја.

– Ова претставува ефикасна заштита посебно за хронично болните и постарите лица. Ова е втора година во која Министерството за здравство одвојува посебна сума средства за да обезбедиме вакцина за заштита од грип, додаде Филипче.

Директорот на Здравствениот дом – Скопје, Виктор Исјановски рече дека трите поликлиники каде вакцинацијата ќе се одвива од понеделник до петок од 14 до 18 часот и ќе бидат покриени со екипи од превентивната заштита.

– Од денеска „МојТермин“ е отворен и има закажувања и од утре екипите ќе почнат со работа. Точната бројка вакцини е меѓу 2.500 и 2.800. Овие тимови ќе бидат дополнително платени, додаде Исјановски.

Одговарајќи на новинарско прашање Филипче рече дека проценката за количината вакцини против грип била направена врз основа на интересот од минатата година и сметаат дека ќе биде доволна.

– Најавена е една донација вакцини од Центарот за истражување во САД преку една нивна фондација и ако е потребно ќе стигнат во нашата земја. Сметам дека нема воопшто простор да се плашиме дали ќе има или нема да има вакцини. Во однос на интересот во текот на вчерашниот ден околу 6.000 луѓе се пријавија да ја примат вакцината, истакна Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање тој потенцира дека ако се наметне потреба секое лице кое е неподвижно и спаѓа во ризичните групи на што ќе укаже матичниот лекар, може да се јави на телефонскиот број 194 во Службата за Итна медицинска помош, кои ќе организираат негов транспорт до местото каде се врши вакцинацијата.

– Нема да има вакцинирање на друго место освен во пунктовите и во центрите за јавно здравје, додаде Филипче.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ