• Latest

Бибер: Идејата за бојкот на референдумот евтин потег за саботажа на договорот

August 9, 2018

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бибер: Идејата за бојкот на референдумот евтин потег за саботажа на договорот

August 9, 2018 10:18
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Договорот од Преспа за името заслужува широка општествена и политичка поддршка. Жално е што опозицијата и Претседателот не го видоа значењето на договорот и го користат за политички поени, вели во интервју за МИА, Флориjан Бибер, експерт за Балканот и професор на Универзитетот во Грац.

– Ваков договор во идеална смисла би требало да има широка општествена и политичка поддршка. Жално е што опозицијата и Претседателот не го видоа значењето на договорот и го користат за добивање политички поени. Идејата за бојкот на референдумот е исто така евтин потег, бидејќи нема цел да ја провери поддршката кај населението, туку само да го саботира договорот. Опозицијата во Црна Гора многу позрело настапи кога го поддржа референдумот за независност и не повика на бојкот, вели Бибер запрашан дали политичката поделеност во земјата може да предизвика нестабилност и компромитирање на договорот и референдумот.

Во однос на бројни обвинувања за руско мешање на Балканот и за обиди за поткопување на договорот меѓу Македонија и Грција, Бибер вели дека Русија веќе некое време работи на создавање пречки во регионот за да го спречи проширувањето на НАТО и ЕУ. Според него, најдобриот начин да ѝ се спротиставиме на ваквата деструктивна политика е да се понуди позитивна алтернатива и да се покаже како функционира руската анти-НАТО и анти-ЕУ политиката и како самонаречените патриотски групи и медиуми всушност соработуваат со Москва и промовираат нестабилност.

Запрашан што доколку грчкиот премиер биде принуден да поднесе оставка, по засилените критики поради пожарите, и како ќе се одрази тоа на конечната имплементација на договорот, Бибер оценува дека во случај на оставка на Ципрас, последиците по секоја идна влада во Грција би биле огромни ако сака да се повлече од договорот. Според него, Македонија стекна голем политички капитал ширум Европа поради добрата волја што ја покажа во преговорите за спорото за името ѝ сега е клучно за процесот на имплементација да помине референдумот и уставните амандмани во Македонија.

Очекува поддршка од меѓународната заедница, ЕУ и од НАТО за референдумот преку истакнување на придобивките од договорот, но дециден е дека владите во двете земји се тие кои треба да ја убедат јавноста зошто треба да го поддржи договорот. ЕУ и Алијансата тоа веќе го направија, вели, со давање датум за почеток на преговорите, односно со поканата за членство.

Во продолжение е целосното интервји на Флоријан Бибер за МИА.

Договорот од Преспа за спорот за името го помина собранискиот филтер во Македонија, но без поддршка на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Против договорот е и претседателот Ѓорге Иванов. Чекор кој претстои во имплементација на Договорот е референдумот. Може ли политичката поделеност да предизвика нестабилност и компромитирање на договорот и на референдумот? 

– Ваков договор во идеална смисла би требало да има широка општествена и политичка поддршка. Жално е што опозицијата и Претседателот не го видоа значењето на договорот и го користат за добивање политички поени. Идејата за бојкот на референдумот е исто така евтин потег, бидејќи нема цел да ја провери поддршката кај населението, туку само да го саботира договорот. Опозицијата во Црна Гора многу позрело настапи кога го поддржа референдумот за независност и не повика на бојкот.

Русија јасно кажува дека е против ширење на НАТО, а во тој контекст и на приемот на Македонија. Има бројни обвинувања за руско мешање на Балканот и за обиди за поткопување на договорот меѓу Македонија и Грција. Колку се реални тие руски закани и како да се спречат?

– Русија веќе некое време е расипувач на работите, барајќи начини да создава пречки во регионот за да го спречи проширувањето на НАТО и ЕУ. Во суштина, тие немаат да понудат позитивна визија и ги интересира само деструктивна политика за регионот. Поддржуваат партии и групи кои опортунистички работат во таа насока. Најдобриот начин да ѝ се спротистави на ваквата деструктивна политика е прво да се понуди позитивна алтернатива. Јасно е дека повеќето граѓани сакаат да живеат подобро, сакаат да се намали корупцијата, и сакаат стабилни и предвидливи институции. Ништо од ова Русија не нуди. Второ, треба да се покаже како функционира анти-НАТО и анти-ЕУ политиката на Русија и како самонаречените патриотски групи и медиуми всушност соработуваат со Русија и промовираат нестабилност.

Грчкиот премиер Ципрас соочен со состојбите во земјата изјави дека ја презема политичката одговорност за последиците од пожарите во Атика. Што ако Ципрас биде принуден да поднесе оставка, како ќе се одрази тоа на конечната имплементација на Договорот?

– Клучно е да помине референдумот и уставните амандмани во Македонија. Ако ова се постигне, ќе биде многу тешко за кој било иден грчки премиер да се повлече од договорот. Идеално, сегашната грчка влада ќе ја надгледува целокупната имплементација на договорот. Иако, опозициските партии досега се колебаа за да го поддржат договорот, нема да имаат интерес да се повлечат, бидејќи последиците би биле огромни. Добрата волја на Македонија што ја покажа во преговорите ѝ донесе голем политички капитал ширум Европа. Ако ги прашате западните дипломати, впечатокот за Македонија им е сменет за 180 степени за само една година.

Очекувате ли засилен меѓународен анагажаман за поддршка на референдумот и за убедување на јавноста во Македонија и во Грција за придобивките од Договорот од Преспа?

– Убеден сум дека ЕУ и НАТО ќе помогнат да се нагласат придобивките од договорот. На крајот на краиштата, владите во двете земји треба да ја убедат јавноста, а меѓународните актери ќе помогнат да се покажат придобивките. Отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ и членството во НАТО за околу една година се најдобрата поддршка што ЕУ и НАТО можат да ја понудат. Важно е да се напомене дека, за време на дискусијата во ЕУ за кога да почнат пристапните разговори со Македонија, бројот на ЕУ членки што силно ја поддржаа Македонија е најголем досега.

Виолета Геров

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ