• Latest

Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

June 27, 2025

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

June 27, 2025 12:44
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Последната одлука на Уставниот суд за укинување на категоризацијата на населението на „резиденти“ и „нерезиденти“ претставува значаен пресврт не само од правен аспект, туку и од политички и општествен. Оваа одлука директно се однесува на методологијата на пописот од 2021 година и отвора ново поглавје во дебатата за претставеноста на дијаспората и еднаквите права на граѓаните, без разлика каде живеат.

Според образложението на Судот, категоризацијата на населението како „резиденти“ и „нерезиденти“ немала правна основа. Подзаконскиот акт што ја утврдуваше оваа поделба е оценет како пречекорување на надлежностите од страна на директорот на Државниот завод за статистика, што претставува прекршување на принципот на владеење на правото. Со други зборови, она што беше претставено како статистичка методологија, всушност беше дејствие без законска поддршка.

Оваа одлука не го укинува директно пописот од 2021 година, но поставува јасни граници за користење на слични методологии во иднина, забранувајќи категоризација на граѓаните според физичко присуство во земјата.

Пратеникот од Европскиот фронт, Скендер Реџепи, иницијатор на уставната иницијатива, ја поздрави одлуката како „победа на дијаспората“, оценувајќи ја поделбата како дискриминирачка и исклучувачка.

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче излезе со барање до премиерот Христијан Мицкоски, Владата да го поништи претходното решение со кое се предвидува намалување на бројот на советници врз основа на бројот на нерезиденти според последниот попис на населението.

– Уставниот суд на вчерашната седница укина некои одредби од методологијата за спроведување на Пописот на населението во 2021 година. Уставниот суд оцени дека директорот на Државниот завод за статистика ги пречекорил своите надлежности и со подзаконски акт извршил категоризација на резидентно и нерезидентно население за што немал законско овластување, рече Снопче.

Според него, следствено на ова, одлуката на Владата за намалување на бројот на советниците во општините е невалидна.

– Дали на следната седница на Владата ќе ја поништите претходната одлука и да се врати претходната одлука за бројот на советници. Логички, не може да се отстранат нерезидентите бидејќи нивната одлука има директно влијание во изборот и бројот на советниците, праша Снопче. Тој, исто така, посочи дека претходно пред пет месеци има поднесено барање за автентично толкување за оваа владина одлука, но досега немал добиено никаков одговор.

Во одговор на прашањето, премиерот Мицкоски нагласи дека кај нерезидентното население во последниот попис немало адреса, туку било класифицирано како нерезидентно население. Тој посочи и дека разликите во бројот на население кај општините меѓу двата пописа, последниот и претходниот, биле големи.

– Често зборувам дека дијаспората е нераскинлив дел од унитарниот карактер на Македонија како држава и затоа ве молам како политичка партија да поддржите една изборна единица во која што ќе овозможите дијаспората да гласа, рече Мицкоски.

На пописот во 2021 година беа преброени 1.836.713 лица како „резидентно население“, а како „нерезидентно население“, односно оние граѓани што се повеќе од 12 месеци во странство, беа попишани 260.606 лица. Поради фактот што станува збор за укинувачка, а не поништувачка одлука, Судот напоменува дека Одлуката ќе се применува од моментот кога ќе биде објавена во Службен весник (за подзаконските акти кои ќе се носат во иднина), но нема да важи ретроактивно-за веќе спроведениот попис од 2021 година.

Дестан Јонузи/Фронтлајн

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ