• Latest

БиХ потпиша договор со Хрватска и Србија за барање на исчезнати лица во војните

July 31, 2019
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

БиХ потпиша договор со Хрватска и Србија за барање на исчезнати лица во војните

Босна и Херцеговина потпиша договори со Хрватска и Србија во насока на подобрување на прекуграничната соработка во потрагата по останатите 12.000 исчезнати лица од југословенските војни од 90-тите години.

July 31, 2019 15:03
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Министерскиот совет на Босна вчера потпиша одделни договори во Сараево со владите на Србија и Хрватска за работните правила и процедури, како дел од протоколот, чија цел е да ги направи потрагата по преостанатите илјадници исчезнати лица од војните во 1990-тите.

Овој потег има за цел да го подобри процесот на пронаоѓање на исчезнатите лица и скриените гробови, да го зајакне споделувањето на информации.

Претседател на управниот одбор на Босанскиот Институт за исчезнати лица, Никола Перишиќ, рече дека нема да биде можно да се заврши процесот на пронаоѓање на сите преостанати исчезнати лица од војната без соработка меѓу државите.

„Апсурдноста на оваа состојба најдобро се објаснува со примерот дека во поранешна Југославија луѓето живееле и работеле во една земја, тие исчезнале, а нивните остатоци биле пронајдени во други поранешни југословенски земји, додека нивните семејства живеат во трети“. Без институционални рамки и соработка, мисијата да се пронајдат остатоци ќе биде невозможна“, додаде Перишиќ.

Шефот на Комисијата за исчезнати лица на српската влада, Веjко Одаловиќ, рече дека потрагата по исчезнати лица мора да продолжи затоа што семејствата сè уште се обидуваат да откријат што се случило со нивните најблиски.

„Не можеме да го запреме ова прашање на административни и државни граници. Треба да најдеме механизми како овие за да можеме да работиме заедно, пред сè за семејствата и жртвите, без административни пречки или какви било други пречки да не запираат“, рече Одаловиќ.

Но, Стјепан Сучиќ, помошник министер за исчезнати лица во Министерството за хуманитарни воени ветерани, предупреди дека претходниот договор не го постигнал очекуваниот напредок.

„Лесно е да се дојде и да се потпишат одредени договори и протоколи. Меѓутоа, кога ќе дојде време да се постапува според нив, тогаш се појавуваат разни спорови“, рече Сучиќ.

„Не очекувам ништо спектакуларно ако нема добра волја и ако не се реализира вистински, искрен чекор кон решавање на прашањето за исчезнатите лица како приоритетен, хуманитарен проблем, во кој политиката не треба да се вклучува“, додаде тој.

Во Босна и Херцеговина, потрагата сè уште трае за околу 7.200 луѓе кои сè уште се водат за исчезнати од војната во 90-тите години, додека во Србија сè уште се водат како исчезнати повеќе од 3.000 лица, а во Хрватска сè уште не се пронајдени 1.892 лица.

А. П.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ