• Latest

Битиќи – Абазовиќ: Регионална конкурентност наместо регионална конкуренција за развој на балканските економии

March 10, 2021
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Битиќи – Абазовиќ: Регионална конкурентност наместо регионална конкуренција за развој на балканските економии

March 10, 2021 11:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Балканските земји мора да ја развиваат конкурентноста, а не конкуренцијата. Регионалната конкурентност е клучот кој ја отвора вратата за земјите од Западен Балкан, порачаа денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

На билатералниот состанок во Скопје, Битиќи и Абазовиќ ги разгледале можностите за продлабочување на економската соработка, но и го отвориле прашањето за создавање т.н. зелен коридор за туристите во претстојната сеозна кој ќе овозможи нивно непречено патување.

Заеднички бил и заклучокот дека двете земји мора да се фокусираат на владеење на правото, како и на борбата против корупцијата и организираниот криминал. На европскиот пат треба да си помагаме, оценија Битиќи и Абазовиќ, напоменувајќи дека регионот мора да направи исчекор и да ги прифати правилата на развиениот, демократски свет.

-Една од темите секако беше и мини шенгенот, но јас претпочитам да зборуваме за економската соработка зашто еден од клучните предизвици на сите влади во регионот е работата што треба да ја направиме за нашите економии. Не треба да си конкурираме еден на друг, туку заедно да работиме. Ова се чекорите кои ќе ги операционализираме и на кои ќе работиме заедно, истакна Битиќи.

Како што истакна Абазовиќ, земјите од регионот треба заедно да ја исцртаат патеката за европската  иднина. Регионот е изморен од караници, напорите на земјите треба да се насочат кон економијата, прогресот и животниот стандард.

-Да се посветиме сите заедно на ова, мора да создаваме нова вредност. Земјите од Западен Балкан мора да направат исчекор, да се сменат, да се однесуваат поинаку, да ги прифатат правилата на демократскиот свет. Тоа е интересот на нашите земји, не само на ЕУ. Ако тоа не го постигнеме ќе биде сеедно дали е тоа заеднички или поединечен неуспех. Нашата рака е подадена на сите земји од Западен Балкан, истакна Абазовиќ.

Тој ги повика македонските граѓани своите одмори да ги поминат во Црна Гора. Притоа напомена дека за да биде успешна претстојната сезона мерките мора да се почитуваат, треба да се постигне добра бројка со вакцинацијата и да се работи на тоа да нема карантин при враќањето во земјата.

Потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ е во официјална посета на Република Северна Македонија на покана на вицепремиерот Битиќи. Во текот на посетата Абазовиќ ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со првиот вицепремиер, Артан Груби, како  и со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    170 shares
    Share 68 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ