Американскиот државен секретар Ентони Блинкен при посетата на Сеул, Јужна Кореја изјави дека Русија планира да ја прошири технолошката соработка со Северна Кореја во замена за испраќање сили за помош на Москва во борбата против Украина.
„Северна Кореја веќе има корист од руската воена опрема и обука. Денеска имаме причина да веруваме дека Москва има намера да сподели напредни вселенски и сателитски технологии со Пјонгјанг“, рече Блинкен.
Како што пренесеува РСЕ, Блинкен изјавил дека позицијата на украинската армија во руската област Курск, каде што води офанзива од минатото лето, ќе биде „важна“ во контекст на можните мировни преговори меѓу Кијив и Москва. „
Украинската позиција во Курск е важна затоа што е фактор во какви било преговори што може да се одржат оваа година“, рече Блинкен на прес-конференција во Сеул, првата станица од прошталната турнеја што ќе го однесе и во Јапонија. и Франција.
извор: РСЕ