• Latest

Бочварски: Интеграцијата во ЕУ е наш врвен приоритет

October 27, 2020

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бочварски: Интеграцијата во ЕУ е наш врвен приоритет

October 27, 2020 09:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Владата на Република Северна Македонија е силно посветена на интеграција на земјата во Европската Унија, унапредување на регионалното поврзување, олеснување на транспортот и трговијата и зголемување на соработката со останатите земји од Западен Балкан. Во ова време на светска здравествена криза, кога меѓусебната зависност на земјите од регионот станува сè посилна и позабележителна, меѓусебната поддршка и соработка е клучна“, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на третиот Министерски совет  ЕУ – Западен Балкан.

Целите на Договорот за основање на транспортна заедница и Агендата за поврзување беа едни од главните теми на овој видео-конференциски состанок во кој учество зедоа Европскиот комесар за транспорт Адина Валеан, Европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархелји, директорот на Постојаниот секретаријат на транспортната зедница Матеј Закоњшек, претседателот на Министерскиот совет на транспортната заедница и министер за транспорт и врски на Босна и Херцеговина Војин Митровиќ и министрите за транспорт од земјите од Западен Балкан.

Претставниците на Европската комисија го презентираа Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, како предвидена помош на Унијата за реализација на планираните инвестициите кои првенствено имаат за цел подобра поврзаност на земјите.

„Како Министерство активно сме вклучени во сите активности, кои во голем дел, имајќи ја предвид здравствената криза, се однесуваат на непречено функционирање на „зелените коридори„ особено на транспортот на стока. Во вакви услови од особена важност е добра регионална соработка и функционална транспортна инфраструктура. Имено, ваквата соработка се покажа во пракса кога во текот на здравствената криза, особено на самиот почеток, беше овозможен брз и непречен транспорт на неопходна стока за основни потреби, пред сè на лекови и медицинска опрема, храна и други стоки. Во таа смисла, системот на воспоставување на зелените коридори гарантира континуиран, слободен и  побрз транспорт на стока со земјите од ЕУ и земјите од Западен Балкан. Со оглед на тоа што Европската Унија е наш најголем и најзначаен економски и инвестициски партнер, иницијативата за проширување на зелените коридори кон соседните земји членки на ЕУ е од исклучителна важност“, изјави Бочварски.

Бочварски додаде дека преку отворање на пазарите, либерализација на транспортот и зајакнување на конкурентноста, Транспортната заедница ќе придонесе за зголемена безбедност и ефикасност, пониски трошоци и подобар квалитет на транспортните услуги, како и повисоко ниво на општите технички стандарди, што на крај би довело до интеграција во Европскиот пазар.

„Исто така, Договорот ќе го забрза спроведувањето на реформите во овој сектор и ќе овозможи усогласување на транспортната политика на Република Северна Македонија со транспортната политика и легислатива на ЕУ, што е и еден од условите за полноправно членство на нашата земја во ЕУ. Со спроведување на Договорот за основање на транспортната заедница, ги потврдуваме нашите заложби за унапредување на целокупниот транспортен систем, безбедност на патиштата, подобро регионално поврзување, зголемена економска соработка и интеграција во Европската Унија“, додаде Бочварски.

 

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ