Пописот е многу значајна статистичка операција за урбанизација и идни планирања во сите региони низ дражавата, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на Општина Ресен.
Повикувајќи ги граѓаните на Преспа да се попишат во предвидениот период нагласи дека точните демографски податоци имаат значајна улога во планирањето и развојот на градовите и државата.
– Прашањето на пописот е многу значајно заради урбанизацијата и идните планирања во сите региони низ државата. Демографските податоци, карактеристики и параметри даваат значајна улога во планирањето на идниот развој на државата и градовите, инфраструктурата, протокот на возила и за развој на генералните и деталните урбанистички планови, рече Бочварски.