• Latest

Борба против корупцијата за значајни промени во законите и општеството

September 4, 2020

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Борба против корупцијата за значајни промени во законите и општеството

September 4, 2020 17:03
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерoт за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на денешниот прв официјален состанок со Државната комисија за спречување на корупција разговараа за идната соработка во делот на откривање и спречување на корупција и воведувањето на механизми за непречено функционирање на ДКСК, како институција која има исклучително значење.

„Точките за кои сме согласни, за мерките кои треба да се преземат се опширни и бројни. Со мојата нова функција, која што ја охрабрува и ДКСК, ќе можам директно да асистирам во зголемување на ефикасноста и зајакнување на соработката со извршната власт“!, нашиша Николовски на Твитер.

Средбата се реализираше заради иницијално запознавање, со работа и надлежностите и на ДКСК и на Заменик претседателот на Владата, предизвиците поврзани со истите и можностите за меѓусебна соработка и координиран пристап во севкупната борба против корупцијата.

На состанокот се осврнаа на повеќе работи:

  • – Законот за спречување корупција и судир на интереси, надлежностите и опфатот на работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, издвојувајќи ги антикорупциската проверка на легислативата и детектирање и намалување на дискреционите овластувања на избраните и именуваните лица
  • – Потребата од измени на Законот, врз основа на воочените проблеми констатирани од негова имплементација
  • – Проблемите со просторната, човечката екипираност и техничката опременост на Државната комисија за спречување на корупцијата
  • – Важноста на ДКСК во системот за борба против корупцијата, но и потребата од тесната соработка со Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси,  вклучувајќи имплементација на препораките од V-от круг на ГРЕКО,
  • – Се понуди поддршка за остварување на некој од отворените прашања  на Државната комисија за спречување на корупцијата како што се обезбедување на деловен простор, како и обезбедување на доволно буџет за остварување на законските надлежности на ДКСК во насока на изработка  на софтверско решение за пополнување и електронско доставување на образецот за имотна состојба и интереси и за Регистарот за избрани и именувани лица.

Пред да се состави новата Влада, од СДСМ истакнаа дека приоритетите во следниот четиригодишен мандат е воспоставување на ред, правда, дисциплина во државата, како и силна, неселктивна борба против криминалот и корупцијата на сите нивоа.

„Задача на новата влада е да обезбеди ред и дисциплина во сите институции и да расчисти со криминалот и корупцијата на сите нивоа, без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер. Ќе има проверка на потеклото на парите и на капиталот кај секој функционер, како и санкции за оние кај кои е утврдено нечесно работење. Следува процес на прочистување на судството. Оние судии за кои ќе се докаже дека свесно застарувале предмети ќе бидат разрешени, а следува и ревизија на 5 отсто од судски предмети одбрани по случаен избор“, стои во нивното соопштение.

ЦИВИЛ одамна ги охрабрува и ги повикува граѓанките и граѓаните да се приклучат во борбата за спречување на корупцијата.

Граѓан(к)ите се клучен фактор во разоткривањето и спречувањето на корупцијата. Благодарение на граѓанското учество во процесите на одлучување, како и во мониторингот на ЦИВИЛ, ние денеска се бележиме значајни промени во законите и општеството.

Токму поради влијанието на граѓанското општество и граѓан(к)ите се зголеми и транспарентноста на државните институции.

Вашите информации кои се однесуваат на корупција, злоупотреба на службената должност и притисоци можете да ги пријавите на следниот линк.

ЦИВИЛ објави и публикација за антикорупцијата односно предизвиците што ги носи борбата против корупцијата. Публикацијата претставува избор од содржини објавени во рубриката МИСЛА на веб страницата www.civilmedia.mk од крајот на 2017 до средината на ноември, 2018 година, а организираше и конференција „За општество ослободено од корупција“ на 6 декември 2018, во пресрет на Меѓународниот ден против корупцијата и Меѓународниот ден на човековите права. На конференцијата учествуваа премиерот Зоран Заев, проф. Мирјана Најчевска, Џевдет Хајредини, Розета Трајан и низа други експерти.

А. П. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ