• Latest

Борба со лажните и неквалитетните портали? Да се почне со авторските права, за тоа има закон

September 19, 2019

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Борба со лажните и неквалитетните портали? Да се почне со авторските права, за тоа има закон

Сакаме ли веднаш да воведеме малку повеќе ред во светот на информациите? Да почнеме со стриктното почитување на авторските права, за тоа веќе има закон. Ви гарантира младиќот, само со негова примена, за што и онака треба сериозно да запнеме ако сакаме во Европа, ќе се проретчи многу какофонијава од секакви папагалски повторувани глупости. Ќе бидат среќни и сериозните медиуми кои плаќаат вистински новинари и вложуваат легални пари, ќе бидат среќни и граѓаните и јавноста, а богами и институциите. Некој ќе биде несреќен, а сите знаеме кој.

September 19, 2019 23:09
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Во македонскиот интернет простор имате десетици портали кои секојдневно објавуваат по над 100 содржини. А освен неколку редакции кои бројат над 10 новинари во кои просечно 1 новинар/уредник објавува по 10 содржини дневно, а некаде и повеќе (замислете го квалитетот во таа хипер-продукција), најголем број од овие портали имаат по пар луѓе, но исто така објавуваат десетици содржини дневно. Како е тоа возможно?

Главно се тоа „бесплатни“ содржини, туѓ авторски труд, украдени текстови, видеа, фотографии, ФБ и Твитер статуси… Настрана „соработката“ или оркестрацијата со „преземањето“ содржини за политика и „дуинг бизнис“, чијшто типичен пример е дејствувањето на машинеријата на мвро-вмро низ годините, а и денес.

Зошто им е битен тој квантитет? Што повеќе содржини објавуваш, тоа си порелевантен за алгоритмите на пребарувачите, агрегаторите, социјалните мрежи… Повидлив, „погоре“, значи почитан. А секако со помош на лајкувањето и на споделувањето на фабриките на партиски тролови, уште поблиску до можноста да манипулираш со јавното мислење.

Да се вратам на почетокот. Ајде, за сериозните редакции знаеме: освен новинарите, плаќаат агенциски вести, текстови, тешко е да се постигне тој квантитет (и брзина) за да се биде конкурентен онлајн, особено за новинарите, но очигледно изводливо..Но, како е можно човек-портал или редакција со пар луѓе да произведува толку содржини дневно?

Младиќот ви раскажа, со кражба на туѓ труд, што е нелегално одамна, во секоја нормална земја. Тоа е „подлогата“, ветерот во грб за тие платформи и нивната видливост, кои на тоа налепуваат секакви лаги и дезинформации. Лесни за жвакање, кликање… Вистинските вести и медиуми немаат шанси во борба со нив.

Со тоа, тие не само што го рушат и манипулираат јавното мислење, туку ги подриваат и сите сериозни медиумски бизниси што вложуваат пари за да ангажираат новинари, сниматели, фотографи, монтажери… Секако, ги подриваат сите автори, кои поради вакви лопови остануваат без леб и мора да го продаваат својот труд поевтино.

Сакаме ли веднаш да воведеме малку повеќе ред во светот на информациите? Да почнеме со стриктното почитување на авторските права, за тоа веќе има закон. Ви гарантира младиќот, само со негова примена, за што и онака треба сериозно да запнеме ако сакаме во Европа, ќе се проретчи многу какофонијава од секакви папагалски повторувани глупости. Ќе бидат среќни и сериозните медиуми кои плаќаат вистински новинари и вложуваат легални пари, ќе бидат среќни и граѓаните и јавноста, а богами и институциите. Некој ќе биде несреќен, а сите знаеме кој.

Или пак, ако веќе мора да нѐ трујат секакви портали, нека вработат луѓе барем, нека вложат барем малку повеќе пари, нека бидат тоа оригинални глупости, малку ли имаме таленти…

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share111TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ