• Latest
Британскиот премиер, Борис Џонсон (Wikimedia Commons)

Борис Џонсон во изјавата за НАТО не ја споменува ниту Петровска ниту Северна Македонија

February 15, 2022

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Борис Џонсон во изјавата за НАТО не ја споменува ниту Петровска ниту Северна Македонија

February 15, 2022 18:43
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Британскиот премиер, Борис Џонсон (Wikimedia Commons)

Британскиот премиер, Борис Џонсон (Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Текстот што го анализираме, во насловот содржи невистини и е сензационалистички. Од една страна иронично се „исмејува“ подготвеноста на министерката за одбрана на Северна Македонија, Славјанка Петровска, да им помогне на НАТО сојузниците во евентуален руско-украински конфликт, а од друга страна, се остава простор да се помисли дека во текстот се зборува за директна помош од РСМ, со војници подготвени за војна. Потоа, во текстот преземен од руски „Спутник“ во верзијата на српски јазик, се користи изразот „подготвеност за испраќање војници во Украина“, додека тоа е искривување на првобитната изјава во која се вели „желба за испраќање војници“, пишува Порталб.мк.

Во првиот дел од насловот пишува дека „Џонсон ја попари Славјанка“. Станува збор за непрофесионална класификација која воопшто не е во согласност со новинарските принципи. Според Етичкиот кодекс за новинарство, непримерната комуникација со јавноста не е соодветна за професијата новинар. Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон во својата изјава за британскиот јавен сервис на БиБиСи, во ниту еден момент не ја спомнува ниту Петровска ниту Северна Македонија. Тоа не ја спомнува ниту во својот целосен говор објавен од британското Министерство за надворешни работи, на 25 јануари.

Авторот на текстот, со тоа што не го поврзал насловот со содржината на текстот, во својот текст не покажал и не образложил како е Петровска „попарена“. Дадена е само нејзина изјава во која се вели дека „нашата армија како дел од таквите структури (НАТО) има обврска и веќе подготвува анализи за можностите за наше можно учество, поточно ангажман во евентуалниот конфликт. Тоа всушност го демантира самиот автор на текстот, бидејќи Петровска не споменува ниту „подготвеност“ ниту воени трупи во Украина, туку информира дека Северна Македонија ја анализира ситуацијата.

Најголемиот проблем е во вториот дел од насловот кој вели „Ниту една членка на НАТО не е подготвена да испрати војници во Украина“, реченица која се повторува и на почетокот на текстот. Анализирајќи ја оригиналната изјава, се забележа дека во текстот што го рецензираме има погрешно толкување и искривување на зборот „желба“ (да се испратат војници во Украина), заменувајќи го со зборот „подготвеност“ (да се испратат војници во Украина). Не се потребни многу зборови за да се укаже на разликата помеѓу „сакање“ и „да се биде подготвен“.

Првобитната изјава беше следнава: „Џонсон рече дека во моментот не постои земја членка на НАТО која би сакала да испрати војници во Украина и дека треба да се внимава од работи… што би му послужиле на Владимир Путин како изговор за окупација“, пренесено од Британскиот јавен телевизиски сервис БиБиСи.

Исто како и насловот, изјавата на Џонсон која како таква е употребена на почетокот на текстот, не може да се најде подолу во текстот. Може да се прочита само овој дел „Знам дека многу луѓе го делат ова мислење емотивно. Се разбира, инстинктивно, повеќето би повикале на активна физичка поддршка за Украина во форма на војници на НАТО, но морам да кажам дека не мислам дека такво нешто ќе се случи во блиска иднина. Украина не е членка на НАТО“, изјави тој пред пратениците, се вели во текстот за кој пишуваме рецензија. Од ова, уште еднаш може да се заклучи дека Џонсон никаде не зборува за подготвеноста на земјите на НАТО.

Текстот за кој пишуваме рецензија како извор го искористи рускиот медиум „Спутник“ што ја има верзијата на српски јазик и така се зема здраво за готово. Искривувањето е направено кај „Спутник“, а потоа како такво е проследено во медиумите што ги прегледуваме, кои не ја провериле оригиналната изјава. А пак една анализа објавена од Центарот за стратешки комуникации на НАТО (STRATCOM) ја гледа руската државна новинска агенција „Спутник“ како еден од главните канали на руската пропаганда во медиумските простори на Западен Балкан.

Во текстот дополнително се објаснува дека британскиот премиер потсетува дека се подготвени санкции против Русија во случај на инвазија на Украина, со што се појаснува дека постојат и други алтернативи за да се спречат руските обиди за воена интервенција во Украина кои не се нужно поврзани со директно воено вклучување на војската на НАТО со Русија. Во текстот се забележува обидот Русија да се прикаже како „жртва“ на силите на НАТО кои се здружиле да ја нападнат само затоа што ја брани сопствената граница.

Со овој текст се нарушуваат некои новинарски принципи кои треба да бидат водилка за фер медиуми.

Новинарот мора да објавува точни и докажани информации и нема да крие суштински податоци и нема да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или ако се работи за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и објави. Точноста на информациите треба да се докаже колку што е можно повеќе.

Совесен новинар нема да создава или обработува информации кои ги нарушуваат човековите права и слободи, нема да користи говор на омраза и нема да поттикнува насилство или дискриминација по било кој основ.

извор: МЕТА.мк

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ