• Latest

„Брисел Тајмс“: Бугарското вето за преговорите со С Македонија ја покажува опасноста од политичкото мешање во историјата

December 28, 2020

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Брисел Тајмс“: Бугарското вето за преговорите со С Македонија ја покажува опасноста од политичкото мешање во историјата

December 28, 2020 11:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Германија тврдеше дека проширувањето на ЕУ, а особено официјалниот старт на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, се важен приоритет за нејзиното претседавање со ЕУ, но сепак доби непријатно изненадување од Бугарија, која стави вето на пристапните разговори со Скопје, поради спорот околу јазикот, историјата и наследството, наведува „Брисел Тајмс“.

– Бугарската блокада можеби изгледа неочекувана имајќи предвид дека Владата на Бојко Борисов е една од најблиските сојузници на канцеларката Ангела Меркел во Источна Европа. Иронично, самата Влада на Борисов се фокусираше на „европската перспектива“ на Западниот Балкан кога Бугарија претседаваше со Советот на ЕУ во првата половина на 2018 година. Дури и  покрај личното барање на Ангела Меркел, Бугарија и Северна Македонија да ги надминат своите разлики, по можност пред крајот на германското претседателство, брзото решение се чини дека не е на повидок, оценува електронското издание на „Брисел Тајмс“.

Медиумот посочува дека иако многумина ја обвинуваат Бугарија за недостиг на геостратешка визија и за попречување на напредокот на Балканот од себични причини, сепак целиот случај има корени во „кризата на проширување на ЕУ“.

„Брисел Тајмс“ наведува дека Владата на Борисов тврди оти Северна Македонија намерно го крши Договорот за пријателство што двете земји го потпишаа во 2017 година и кој беше поздравен од највисоките претставници на ЕУ, политичарите и политички аналитичари, а некои експерти дури го нарекоа и „историски“.

– Тогашната високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан беа меѓу најголемите оптимистите: тие сметаа дека договорот е „инспирација за целиот регион“. Германски министер за надворешни работи во тоа време Зигмар Габриел изјави дека фактот што двете земји го потпишаа договорот толку брзо откако Владата на Зоран Заев стапи на должност е „извонреден“ чин и испраќа „важна порака за успешната билатерална и регионална соработка на Балканот”, потестува весникот.

„Брисел Тајмс“ посочува дека иако договорите за пријателство имаат различни форми и големини, овој меѓу Бугарија и Северна Македонија има „прилично чудна одредба“.

– Неговиот член 8 став 2, на кој инсистира Владата на Борисов и кој е во основата на ветото на Бугарија, бара двете земји да формираат „Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, со цел да придонесат за објективно, научно толкување на историски настани, засновани врз автентични докази и историски извори”. Како што се чини според јавно достапни информации, оваа одредба се толкува дека експертската комисија треба да постигне заеднички наратив за различни настани од Средниот век до Втората светска војна. Исто така, видливо е дека и двете страни се обидуваат во оваа комисија да ги наметнат своите ставови како крајна историска вистина, смета изданието.

Според брислескиот медиум, настрана од очигледната општоприфатена мудрост дека вистината е релативна и дека истите факти може да се читаат на различни начини, оваа идеја на Бугарија и Северна Македонија, онака како што е замислена, води кон ќорсокак.

– Некои политички аналитичари правеа паралели помеѓу експертската комисија на Бугарија и Северна Макесонија со германско-француската Комисија за учебници, но тоа се чини погрешно. Германско-француската соработка во областа на толкувањето и изчувањето на историјата датира од најмалку од 1935 година, кога се одржа првиот состанок на историчарите од Франција и Германија. Тоа започна како иницијатива на професорите загрижени за непријателските историски наративи за што академските историчари имаа слух, а тие и немаа строг краен рок наметнат од политичарите како што е случајот со Бугарија и Северна Македонија, смета „Брисел Тајмс“.

Според изданието, дополнително, членови на бугарско-македонската експертска комисија не само што излгуваат со различни историски оценки во јавни изјави и интервјуа, туку исто така имаат различни ставови за тоа дали Бугарија и Северна Македонија воопшто имаат заедничка историја.

– Треба е да се напомене дека заедничкиот француско-германски учебник се реализираше дури во 2006 година, по барањето на студенти кои учествуваа на француско-германски младински самит во 2003 година, што го прифатија и француската и германската Влада. Ова само покажува дека патот по кој тргнаа Бугарија и Северна Македонија може да биде долг и тежок, додава весникот.

„Брисел Тајмс“ смета дека доколку Договорот за пријателство меѓу Бугарија и Северна Македонија ја немаше оваа одредба за историјата, Владата на Борисов ќе немаше вистинска алатка за притисок со псевдо-правна основа на која може да се потпре.

– Пред да ја обвините Бугарија за користење на оваа алатка, размислете зошто оваа одредба е дел од Договорот. Одговорноста може да им се припише и на владите на Бугарија и на Северна Македонија, кои се обврзаа да отворат контроверзни историски теми за што не беа подготвени ниту нивните општествата, ниту нивните историчари, смета изданието.

Според „Брисел Тајмс“, француско-германското искуство во овие прашања покажува дека иницијативите може повеќе да дадат плод доколу потекнуваат оддолу нагоре, отколку од горе надолу.

– Се разбира, политичарите можат да придонесат за создавање услови за созревање на општествата за дијалог – од културна размени на студенти, професори и академици, преку заеднички историски конференции, до редовни разговори меѓу здруженија на наставници. Сепак, се чини дека суштината е во трпеливоста, а не во притисокот, заклучува „Брисел Тајмс“./МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ