• Latest

Британското разузнавање предупредува дека војната во Украина влегува во нова фаза на јужниот фронт

August 6, 2022

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025

Бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции до 21 ноември

November 18, 2025

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Британското разузнавање предупредува дека војната во Украина влегува во нова фаза на јужниот фронт

August 6, 2022 13:47
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Британското разузнавање и Министерството за одбрана во најновите извештаи предупредуваат дека војната во Украина влегува во нова фаза, во која жариштето на борбените дејствија ќе се префрли од Донбас на јужниот фронт, на потегот околу реката Дњепар во регионите Херсон и Запорожје, пренесува Гардијан.

Британското Министерство за одбрана информира дека долги колони на руски камиони, тенкови, артилерија и друго оружје се прераспоредуваат од Донбас кон југозапад. Руско оружје и војници се придвижуваат и од правецот на окупираните украински градови Мариупол, Мелитопол и Бердијанск, како и од Русија преку Крим во јужните делови на Украина.

Британското разузнавање во својот извештај наведува дека новата фаза од војната ќе значи жестоки борби на фронтот во должина од 350 километри, на потегот од Запорожје до Херсон и Црното море на југот по крајбрежјето на реката Дњепар.

Во прилог на предвидувањето дека ќе следат жестоки борби на југот на Украина веќе подолго време покажува и активната контраофанзива на украинските сили во регионот Херсон. Тие гаѓаат по мостовите, патиштата и железничката инфраструктура, во обид да ги прекинат линиите на снабдување на руската војска западно од реката Дњепар. Укринформ информира дека во најновиот напад е погоден и оштетен Даривскиот мост на реката Инхулец. Станува збор за еден од двата преостанати патни врски за снабдување кои руската војска ги користи во окупацијата на Херсон.

Во меѓувреме, продолжило гранатирањето на населени места во изминатово деноноќие. Во регионот Днипропетровск, најмногу руски ракети паднале во градот Никопол, каде се повредени тројца цивили. Од ракетирањето биле погодени 11 станбени згради, 40 куќи, градинка и детски креативен центар, пренесува Укринформ.

Најмалку две лица се потешко повредени при синоќешното гранатирање на пристанишниот град Миколаив. Еден цивил загина, а 21 лице се повредени во вчерашното руско гранатирање на овој град на југот на Украина, јавува Укринформ. Ракетирања се забележани и во регионите Запорожје, Харкив и Донецк во изминатово деноноќие.

Во регионот Запорожје, руските сили ја погодиле индустриската зона во градот Степнохирск, што довело до прекин на електричната енергија во целиот град. Руската и украинската страна меѓусебно се обвинуваат и за трите ракети кои биле истрелани во близина на нуклеарниот реактор на нуклеарната електрана во Запорожје, која е најголема во Европа. Руските сили ја обвинија Украина дека на среќа е избегната несреќа во реакторот, додека украинската компанија „Енергоатом“ ги обвини руските сили за истреланите ракети во близина на реакторот, пишува Гардијан. /МЕТА/

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ