• Latest

БРО: Ниту еден наставник нема да остане без работа со новиот наставен план

December 17, 2020

24 ЧАСА: Советник во Кочани удри службеничка со шише по глава; Трамп му наложи на Путин прво да посредува – со Русија; израелска болница директно погодена од иранска ракета; ослободени осомничените за настрешницата во Нови Сад

June 19, 2025

Унгарската полиција сепак ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта

June 19, 2025
фото: скриншот Влада

Владата усвои Предлог ребаланс на Буџетот, приходите проектирани на 362,4 милијарди денари, капитални расходи од 47,5 милијарди денари

June 19, 2025
Одавање почит во Скопје за настраданите во пожарот во Кочани / фото: ЦИВИЛ Медиа

Обвинителите на средба зад затворени врати со родителите на починатите во „Пулс“ во Кочани

June 19, 2025
Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Мицкоски: Владејачкото мнозинство е комфорно, сите реформски закони не зависат од Бадентеровото мнозинство

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на штипската телевизија М-нет

(ВИДЕО) Инцидент во Општина Кочани: Советник со шише удри по глава службеничка

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Трамп се колеба за напад врз Иран поради сомневањето во успешноста на бомбата „разбивач на бункери“

June 19, 2025
фото Принтскрин Н1/рс

Ослободени од притвор сите осомничени за падот на настрешницата во Нови Сад

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ET NOW

Израелскиот министер за одбрана вели дека ајатолахот Хамнеи „веќе не треба да постои“ по нападот врз болницата

June 19, 2025

Ниту по 34-ти пат не успеа да се конституира косовското собрание

June 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

БРО: Ниту еден наставник нема да остане без работа со новиот наставен план

December 17, 2020 16:51
in ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Бирото за развој на образованието известува дека во изминатиот период се работело на нова Концепција за основното образование, по увидивување на потребата за темелни реформи во образовниот процес.

„БРО најавува дека предлог текстот на Концепцијата ќе биде дадена на јавна расправа и сите засегнати страни ќе може со свои предлози да учествуваат во подобрување на овој концепт. Имплементацијата е предвидено да отпочне од учебната 2021/22 година со учениците од прво и шесто одделение, по усогласување на концепцијата и наставните програми со сите релевантни чинители. По донесувањето на Концепцијата ќе следи изработка на наставни програми за сите одделни наставни предмети. Овој процес, како и до сега, ќе биде транспарентен и инклузивен. Во него ќе учествуваат универзитетски професори и наставници од практиката кои заедно со претставници од Бирото, ќе ги развиваат наставните програми“, стои во нивното соопштение.

БРО истакнува дека предлог Наставниот план предвидува изучување на нови интегрирани наставни предмети, велат од таму, но тоа не значи укинување на одделните научни дисциплини – историја, географија, граѓанско образование. Напротив, тие ќе бидат изучувани преку нови пристапи што подразбираат интеграција и интердисциплинарно изучување прилагодено на возраста на учениците.

„При изработката на новиот наставен план и застепеноста на задолжителните и изборните предмети осoбено внимание е посветено на ангажираност на постоечкиот наставен кадар, искористување на капацитетите со коишто располга секое училиште и одговорно тврдиме дека ниеден наставник нема да остане без работа. Наставниците ќе бидат ангажирани за реализација на наставата, а особено за креирање на сопствена листа на изборни предмети и за изработување наставни програми од интерес на учениците, Исто така, ќе бидат ангажирани во реализација на општествено-хуманитарната работа со учениците и воннаставните активности. Иако фондот на часови е намелен по одредени наставни предмети (музичко и ликовно образование), преку изборните предмети и воннаставните активности наставниицте кои ја изведуваат наставата ќе имаат дури и повеќе часови отколку што имале до сега. Според анализите на БРО ќе има и потреба од ангажирање на нови наставници. Целото ангажирање на наставниците ќе биде вреднувано, како преку нивниот кариерен развој, така и преку зголемениот обем на работа (доколку се ангажирани за реализација на различни активности во училиштето)“, соопштуваат од БРО.

За сите новини, наставни програми, други активности ќе бидат подготвени нови учебници, наставни материјали и прирачници. Бирото за развој на образованието ќе им овозможи на наставниците континуирана обука и поддршка за планирањето, организирањето и реализацијата на наставата и сите предвидени активности во училиштето.

БРО ги повикува сите наставници да ја дадат поддршката на предвидените реформи. Само преку нови, креативни пристапи ќе успеееме заедно да дадеме нов квалитет на основното образование и да овозможиме нашите ученици да бидат среќни и задоволни во училиштето. Ние, како институција ќе ги вложиме сите напори да успее предвидената реформа, но очекуваме, како и до сега, посветеност, доверба и соработка од наставниците. Образованието мора да биде заеднички интерес на сите во државата, без оглед на етничката, верската, политичката, родовата или која било припадност. Да се обидеме интересот на децата и нивното задоволство од учењето и престојот во училиште да не поврзе и  да работтиме за доброто на сите ученици.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Хил: САД повеќе нема да интервенираат како досега, Косово и Србија треба сами да ги решат своите проблеми

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ