Министерството за здравство на Газа денеска соопшти дека од почетокот на израелската војна во палестинската енклава, загинале 56.077 лица, а 132.848 се ранети.
Министерството не прави разлика помеѓу цивили и борци, но вели дека повеќе од половина од загинатите се жени и деца.
Се верува дека многу од загинатите се под урнатините или во области недостапни за палестинските власти.
Меѓу жртвите се и 5.759 убиени од 18 март, кога Израел ги продолжи нападите, со што заврши двомесечното примирје, пренесе МИА.