• Latest
Премиерот Заев одговара на новинарски прашања при постатат на Шуто Оризари, извор: фото-сервис на Владата на Северна Македонија

Бугарите во Уставот непосредно пред влезот во ЕУ, продолжува поддршката за старт на преговори без попречување од билатерални прашања

July 27, 2021
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бугарите во Уставот непосредно пред влезот во ЕУ, продолжува поддршката за старт на преговори без попречување од билатерални прашања

July 27, 2021 09:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Премиерот Заев одговара на новинарски прашања при постатат на Шуто Оризари, извор: фото-сервис на Владата на Северна Македонија

Премиерот Заев одговара на новинарски прашања при постатат на Шуто Оризари, извор: фото-сервис на Владата на Северна Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија ќе го отвори Уставот непосредно пред стапувањето во ЕУ и тогаш ќе се вградат во него и помалите етнички заедници кои живеат во земјава а не се наведени во највисокиот правен акт во државата. За Софија, пак, сè уште има говор на омраза кон Бугарија во учебниците и во јавниот простор и постои систематско кршење на правата на граѓаните на Северна Македонија од бугарско потекло и нивна дискриминација.

Премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали Бугарите ќе бидат вметнати во нашиот Устав, рече дека пред самото пристапување во ЕУ се отвора Уставот со цел да се смени заедничкиот дел со земјите членки на ЕУ, и тогаш се вградуваат и помалку бројните етнички заедници кои се присутни и живеат во земјава, а не се вградени во него.

– Уште пред неколку години се отвори ваква дебата на барање на Хрватите во државата, но и на Црногорците. Ние последни го следиме примерот на сите европски земји, односно земјите посебно Балканот, јас ја кажувам Хрватска, еве Албанија веќе тоа го направи. На своето пристапување, на моментот на пристапувањето на ЕУ се отвора Уставот затоа што мора да се смени заедничкиот дел со земјите членки на ЕУ и тогаш се вградуваат и помалку бројните етнички заедници коишто се присутни и живеат во нашата земја а не се вградени во Уставот. Ние немаме никакви предрасуди. Ако некој бара утре тоа да го направиме и да сакаме не можеме. Две третини немаме, ниту треба, но јавно го кажуваме заради тоа што и Бугарите и Хрватите, и Црногорците и Египќаните и многу други етнички заедници ќе бидат вградени во нашиот Устав во очи на пристапувањето, истакна Заев.

Запрашан дали доколку бидат внесени Бугарите во македонскиот Устав, ќе се бара реципроцитет односно вметнување на Македонците во бугарскиот Устав, со оглед на тоа дека има и Македонци во Бугарија, Заев рече дека тоа е право на Бугарија и оти мешање во внатрешни работи на соседна земја не е порака на пријателство.

– Тоа е право на Бугарија. Секојпат е убаво да се има реципроцитет, но мешањето во внатрешни работи на соседните земји не е порака на пријателство. Тоа останува на нив. Јас го кажувам како наша потреба, а не заради тоа што Бугарија бара, рече Заев.

Бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со неговиот австриски колега Александар Ван дер Белен за време на посетата на австрискиот град Салцбург изјави дека Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест.

Според Радев, Бугарија принципиелно и доследно ја поддржува европската перспектива на регионот, која, сепак, вели, не треба да биде ограничена на формалните фази во процесот на пристапување и не може да им штети на интересите на земјите-членки на Унијата и нејзините вредности. Во врска со постигнувањето напредок во европската интеграција на Република Северна Македонија, шефот на бугарската држава изјавил дека очекуваат јасна политичка волја од соседната земја за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави, потпишан во 2017 година.

Тој додава, дека иако во Скопје тврдат дека ги исполнуваат критериумите за пристапување, сепак, сме сведоци на систематско кршење на правата на граѓаните на Република Северна Македонија од бугарско потекло и нивна дискриминација, сè уште има говор на омраза кон Бугарија во учебниците и во јавниот простор.

Според бугарскиот претседател, напредокот и решавањето на овие прашања зависат исклучиво од политиките на Република Северна Македонија, со која Бугарија повеќепати изразила подготвеност да води конструктивен и отворен дијалог. Според Радев, ова е начинот да се создаде клима на доверба и да се постигнат конкретни и неповратни резултати што ќе доведат до почеток на преговори за членство во ЕУ. Во рамките на словенечкото претседателство со Советот на Европската унија, неговата земја, вели тој, е подготвена да работи на постигнување напредок на чувствителни теми и на решенија прифатливи за двете земји.

Бугарскиот политиколог Огнен Минчев изјави дека Бугарија не е заинтересирана да бара признавање на „бугарско малцинство“ во Северна Македонија. Како што објави на неговиот Фејсбук профил, врз база на билатералната бугарско-македонска декларација од 1999 година е утврден принципот земјите да имаат обврска да ги почитуваат индивидуалните права на своите граѓани на самоидентификација и слободно изразување на својот идентитет во доброволни здруженија во сферата на граѓанското општество.

Минчев во објавата додава дека бугарската држава признава рамноправни граѓани, а не малцинства и мнозинства.

– Крајно време е во бугарските институции, најмногу во Министерството за надворешни работи, да започнат да раководат компетентни луѓе и да се запре донесувањето парцијални одлуки. Големата „беља“ што ја направија разни „патриоти“, не може да биде поправена со нови „идиотски решенија“, извадени од контекст и национален интерес, вели Минчев.

Во петокот вршителот на должност шеф на бугарската дипломатија Светлан Стоев изјави дека Министерството за надворешни работи би сакало Бугарите во Северна Македонија да бидат впишани во Уставот на земјата заедно со останатите наброени народи во него.

Во однос на Предлог-резолуцијата за утврдување на државните позиции во преговорите со Бугарија премиерот Заев вели дека со амандман ќе се интервенира во неа  за да стои уставното име на земјата – Република Северна Македонија и оти за тоа владејачкото мнозинство само ќе обезбеди гласови. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе се воздржи од гласање по амандманот, според него, е затоа што тие, како што рече, ја прифаќаат реалноста, но уште стојат на ставот за непризнавање на Преспанскиот договор. Сепак, смета Заев, најважно е резолуцијата да биде донесена и да се испрати порака на единство.

– Само така тоа ќе биде уставно исправен документ, а сите заедно ќе ја гласаме резолуцијата со што ќе испратиме порака на единство дека сакаме решение со Бугарија, но и оти знаеме што е дозволиво, а што не, рече Заев.

На вчерашната средба во Скопје на вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров со италијанскиот заменик министер за надворешни работи Бенедето Дела Ведова, беше порачано дека Скопје треба да ги почне преговорите со ЕУ, без попречувања поради билатерални прашања.

Владиниот Секретаријат за европски прашања соопшти дека главниот фокус на средбата е беше ставен на важноста на политиката на проширување за обезбедување заедничка европска иднина со која ќе се надградат политичките и економските односи на Италија со земјата и регионот, со посебен акцент на предизвиците и пречките на Северна Македонија на патот кон ЕУ.

– Интеграцијата на Северна Македонија и регионот во европското семејство на народи ќе ја зацврсти стабилноста и кохезијата на Унијата бидејќи станува збор за заокружување на процесот на обединување, истакна вицепремиерот Димитров.

Справувањето со КОВИД-19 кризата, наведе Димитров, ја истакна неопходноста од придвижување на политиката на проширување и комплетирање на Европа со Западниот Балкан, што пак претставува можност за развој на модалитетите за продлабочување на билатералната соработка. – Влогот на ова прашање е голем и европските вредности и интеграции не смеат да бидат во заложништво на билатерални прашања, порача вицепремиерот Димитров.

Од италијанска страна е потврдена силната поддршка за реализирање на европската перспектива на Северна Македонија за што е неопходно отпочнување на преговорите за членство со Унијата што е можно поскоро, како и влијанието на ова прашање врз европската иднина на регионот.

И на средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, Дела Ведова информирал дека ставот на италијанската Влада е што поскоро отворање на преговарачката рамка, а отворените билатерални прашања да немаат влијание врз процесот на евроинтеграција и за италијанскиот предлог во идните дискусии во конференциите за „Иднината на Европа” задолжително да се вклучат младинските политики, односно гласот на младите, и тоа не само од земјите членки на ЕУ, туку и од земјите од Западен Балкан.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ