Победата на англиската фудбалска репрезентација со 6 гола во мрежата на Бугарија, со што си го обезбеди патот кон Европско првенство 2020, ќе остане во сенка на она што англиските медиуми го најавуваа цел месец наназад.
Синоќешниот меч меѓу Бугарија и Англија дури два пати беше прекинат од хрватскиот судија Иван Бебек, поради расизам на адреса на англиските фудбалери.
Поединци од трибините, најголем дел привзраници на Локомотив Пловдив, свиреа секој пат кога Рахим Стерлинг ја имаше топката во посед. Дефанзивецот на Астон Вила, Тајрон Мингз кој дебитираше за Англија на овој меч, му кажал прво на Хари Кејн а потоа го прашал и судијата Бебек дали ги слуша расистичките извици. Тогаш Бебек го прекина мечот.
Пред крајот на првото полувреме повторно дојде до прекин, по консулатација меѓу судијата Бебек и селекторот на Англија, Герет Саутгејт, натпреварот продолжи.
Англиската јавност е згрозена од расистичкото однесување на навивачите од Бугарија. „Ова е дувло на фашисти и расисти“, се вели во нивните коментари.
М. И.