• Latest

Халими: Општина Арачиново ја затекнав со долг од 27 милиони денари

April 3, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Халими: Општина Арачиново ја затекнав со долг од 27 милиони денари

April 3, 2018 09:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Арачиново се наоѓа северозападно од Скопје, на околу 220 метри надморска височина. Оддалечена е околу 12 километри од главниот град. Се смета за една од најмалите општини во Република Македонија и опфаќа вкупно 30 километри квадратни. Општината е формирана во 1996 година и е составена од четири населени места: Арачиново, Орланце, Грушино и Мојанце.

Во каква состојба ја затекнавте општина Арачиново, односно во какви финансиски, кадровски и просторни услови и кои се реалните проблеми на локалната самоуправа?

– Општина Арачиново има голем долг од околу 27 милиони денари. Тоа за нашата општина е премногу бидејќи нашите оперативни трошоци на годишно ниво се скоро половина од овој долг. Општина Арачиново е сместена во стара барака која беше наменета за месна заедница и е од 70-тите години од минатиот век. Со нашето доаѓање се потрудивме и направивме реконструкција на постоечките канцеларии. Добивме и проект за изградба на општинска зграда и очекуваме до крајот на оваа година таа да се изгради.

Поради немање доволно простор во моментов и конкретна стратегија од претходните градоначалници, недостига кадар кој ќе им обезбеди квалитетни услуги на жителите. Во општината немаме одделни сектори и со новата општинска зграда предвидуваме да има нови кадровски решенија за кои постепено ќе се одлучува, во транспарентен и соодветен процес.

Наша цел за хумани капацитети во општината е соодветно екипирање на целата општина и вработување на квалитетен и професионален кадар кој ќе биде во служба на граѓаните, вели градоначалничката Mиликије Халими.

Каква е состојбата во општината во моментов и што е преземено откако сте на функцијата градоначалник?

– Годинава се предвидува да продолжат неколку проекти, како што се канализација, изградба на прва градинка во селото Арачиново, изградба на општинска зграда, решавање на проблемите со дивата депонијата во атарот на општина Арачиново. Ќе се работи на подобрување на условите во училиштата, односно реконструкција на веќе постоечките основни училишта и изградба на барем две нови подрачни основни училишта за учениците од прво до петто одделение.

Нашата цел е да работиме на подобрување на животот на граѓаните. Во моментов почнавме со делумна изградба на канализацијата, како капитален проект, но постои уште многу за да се заокружи целиот проект. Верувам дека за мојот мандат ќе успееме да го заокружиме овој проект.

За дивата депонија, која повеќе години е проблем во општината, ќе има регионално решение, што значи дека неколку од општините од еден регион ќе создадат заедничка депонија. Ова е стратегија на Министерството за животна средина и просторно планирање, а ние како општини сме дел од овој процес.

Очекуваме дополнителни активности за да се подобри мрежата за водоснабдување. Треба да нагласам дека наследивме јавно претпријатије за водовод во рамки на општината, кое е нефункционално и тотално неоперативно, со многу долгови. Во моментот се трудиме да ја стабилизираме оваа состојба со цел во наредниот период да имаме конкретно решение со водоводот. Веќе сме на финални разговори со странска компанија и веруваме дека многу брзо ќе имаме и конкретен договор. За таа цел, на странскиот инвеститор треба да му обезбедиме место за изградба на фабриката. Во процес на разговори сме со Министерството за транспорт и врски за да најдеме соодветна локација за странскиот инвестотор бидејќи општината не управува во моментов со ниту една парцела на земјиште. Иако земјиштето е во атарот на општина Арачиново, тоа и припаѓа на Република Мекедонија, нагласи Халими.

Кои се вашите приоритети како градоначалник на општина Арачиново и идни проекти кои треба да се реализираат?

– Имаме неколку проекти како приоритети, според прграмата со која победивме на последните локални избори. Скоро сите проекти кои претходно ги споменав се приоритетни и ќе се имплементираат со различна диманика, во зависност од тежината и финансиската конструкција на проектот.

Нашите приоритети се во делот на инфраструктура, образование, вработување, транспарентна општина, како и подобрување на здравството за жителите на нашата општина. Економските цели исто така ни се приоритет, особено вработувањето на младата популација во општина Арачиново, посочи Халими.

Магдалена Ристоманов 


извор: МИА
Tags: дива депонијадолгканализацијаМиликије ХалимиОпштина Арачиново
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ