Амбасадата на САД преку објави на социјалнитемреќи упати честитки по повод 8 Септември – Денот на независноста на државава, споделувајќи ја притоа и честитката од државниот секретар, Марко Рубио .
U.S. Embassy staff joined members of the diplomatic corps to honor North Macedonia’s first president Kiro Gligorov, first prime minister Nikola Kljusev, and former president Boris Trajkovski with flowers of remembrance. They also commemorated the day by attending a performance… pic.twitter.com/lk5hIQo9D4
— U.S. Embassy North Macedonia (@USEmbassySkopje) September 8, 2025
Персоналот на амбасадата на САД им се придружи на членовите на дипломатскиот кор за да им оддадат почит со цвеќе во спомен на првиот претседател на Северна Македонија, Киро Глигоров, првиот премиер Никола Кљусев и поранешниот претседател Борис Трајковски. Тие, исто така, го одбележаа денот со присуство на настап во Филхармонијата. Честитки до сите граѓани за 34-годишнината од вашата независност и за претстојната 30-годишнина од дипломатските односи меѓу нашите две нации, се вели во честитката на Амбасадата на САД на Х.
– Честит ден на независноста! Urime Dita e Pavarësise! Оваа година е особено значајна бидејќи одбележуваме и 30 години дипломатски односи меѓу нашите земји. Во текот на три децении, изградивме силно партнерство – работејќи заедно во дипломатијата, безбедноста, образованието, културата и друго, се посочува во честитката од Амбасадата на САД.
Од Амбасадата посочија и на честитката од државниот секретар на САД, Марко Рубио, во која се посочува дека САД остануваат посветени на продлабочување на соработката за зајакнување на колективната безбедност и промовирање на просперитетот.
– Во име на Соединетите Американски Држави, им упатувам честитки на народот на Северна Македонија додека ја прославувате 34-годишнината од вашата независност и 30-годишнината од дипломатските односи меѓу нашите две нации. Соединетите Американски Држави го ценат цврстото партнерство на Северна Македонија во унапредувањето на глобалната безбедност и стабилност. Како сојузник на НАТО посветен на одбраната на мирот и слободата, вашето ветување за зголемени трошоци за одбрана на самитот на НАТО ова лето, ја нагласува посветеноста на Северна Македонија на нашите заеднички безбедносни цели. Додека ја одбележуваме оваа пресвртница во нашите односи, Соединетите Американски Држави остануваат посветени на продлабочување на нашата соработка за зајакнување на колективната безбедност, борба против транснационалните закани и промовирање на просперитет што создава работни места, се вели во честитката на државниот американски секретар Рубио.
М. Д.