• Latest

Чунгурски: Политичарите се најголемите виновници за неспроведувањето на зелените политики во државата

September 19, 2019
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Чунгурски: Политичарите се најголемите виновници за неспроведувањето на зелените политики во државата

Како што информираше Чунгурски, првата Акција ќе се одржи на 21 септември, сабота,  по повод Светска Акција за чистење-World Clean up Action која секоја година ја спроведува организацијата Go Green во десетина града низ државата. Акцијата ќе започне во 10 часот, а зборното место ќе биде пред главниот влез на средното економско училиште „Перо Наков“.

September 19, 2019 10:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Локалниот совет за превенција на општина Куманово во соработка со Отсекот за превенција на СВР Куманово заедно со неколку Невладини организации на 11 септември 2019 година одржа седница каде се дискутираше на тема „Справување со диви депонии (ѓубришта), загадување и уништување на јавен имот“. „Од состанокот, почнувајќи од Советот на Општина Куманово, институциите, граѓаните и невладините организации заклучија, дека сите заеднички треба да се вклучат и да дадат свој придонес во зајакнувањето на граѓанската свест за решавање на овој горчлив проблем.

На состанокот беше формирана тематска проблемска работна група за заштита на животна средина која е составена од седум члена, која во период од една недела ќе прибира предлози и идеи за конкретни активности кои ќе бидат ставени во Акциски план.

До донесувањето на Акцискиот план, во септември и октомври треба да се организираат повеќе акции на терен на веќе лоцирани критични локации со учество на претставници од институции, невладини организации и граѓани од конкретни подрачја за чистење, давање пример и подигање на јавната свест“, објасни м-р Драган Чунгурски, координатор на тематската работната група и Советник за заштита на животната средина и природата во Општина Куманово.

Како што информираше Чунгурски, првата Акција ќе се одржи на 21 септември, сабота,  по повод Светска Акција за чистење-World Clean up Action која секоја година ја спроведува организацијата Go Green во десетина града низ државата. Акцијата ќе започне во 10 часот, а зборното место ќе биде пред главниот влез на средното економско училиште „Перо Наков“. Во оваа Акција се планира да се чисти маалскиот парк, каде што се наоѓа детското игралиште односно детските лулашки.

„Во тој контекст Ве молиме активно да се вклучите во оваа акција со ваше присуство и дадеме пример на останатите со цел зачувување и подобрување на нашето животно опкружување. Оваа Акција би сакал да ја посветам на сите политичари кои што се најголемите виновници за лошата состојба во која се наоѓа нашата држава (секоја чест на поединците) во однос на зелените политики т.е. зачувување на животната средина, нашето културно, историско и природно богатство и длабоко се надевам дека пред се ќе успееме да ја подигнеме нивната свест и општествената одговорност, а потоа одговорноста на секој еден граѓанин. Одважете се и волонтирајте, бидејќи за нас и нашите деца се работи“, изјави Чунгурски за ЦИВИЛ Медиа.

Во повикот за Светскиот ден на чистење во Куманово стои дека на во сабота ќе се случи најголемата акција во светот за чистење на отпадот како дел од „Let’s Do It! World“, кое е најбрзорастечкото граѓанско движење во светот, кое ги поврзува и ги охрабрува граѓаните, општините, компаниите и владите да ги исчистат своите земји од лошо управуваниот отпад.

Б. Јордановска

Share354Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ