• Latest
Скопје, 4 ноември 2019

Д-р Франкенштајн

November 5, 2019

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Д-р Франкенштајн

Наместо да позеленува, пациентот Скопје продолжува да посивува. И на овој најфреквентен скопски пешачки агол, во време кога градот ги руши сите меѓународни рекорди по загаденост и на воздухот и на почвата, наместо ветените зеленило и дрвја, пак се трупа бетон и бекатон. И наместо доза кислород, нова доза прав.

November 5, 2019 08:46
in СЛОБОДНА ЗОНА
Скопје, 4 ноември 2019

Скопје, 4 ноември 2019

Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Тоа што не му доуспеа на Коце, го докрајчува Петре.

Скопскиот плоштад, во најстрогиот градски центар кој посиве во времето на претходниот Трајанов, како тргнало, допосивува во времево на градоначалникот Шилегов. Пред влезот на ГТЦ деновиве се туткаат шлепери. Долгите многутонски камиони на големо истовараат илјадници разни бетонски дребулии. Понешто и гранит ама сеедно. И едното и другото, сиво. Не зелено, туку сиво. 

Скопје, 4 ноември 2019 / фото: ЦИВИЛ

Градот го реновира или го реконструира ова парче центар во центарот на Скопје. Ако е за некаква утеха, за разлика од својот претходник застапник на габаритниот вертикален барокизам, а судејќи и по дизајнот на артиклите, актуелниот градоначалник галиба форсира естетски хоризонтален минимализам.

Но, сеедно. Наместо да позеленува, пациентот Скопје продолжува да посивува. И на овој најфреквентен скопски пешачки агол, во време кога градот ги руши сите меѓународни рекорди по загаденост и на воздухот и на почвата, наместо ветените зеленило и дрвја, пак се трупа бетон и бекатон. И наместо доза кислород, нова доза прав. Се кумулира нова урбана камена оаза. Никнува или се обновува, сеедно, уште едно грдо катче урбано сивило.

Скопје, 4 ноември 2019

Нова лузна загребува во самото срце на македонскиот главен град. Меѓу сивиот бетон и зелените елки, пак ни го подметнаа бетонот.  Граѓани, екологисти, невладини, паркобрани, каде сте?  И урбанисти, градоначалници, советници, исто така?

Известителната табла на градилиштето ги посочува само инвеститорот и изведувачот. Недостасува името на авторот на проектот.

И не треба. На скопјани од поодамна им е познат доктор Франкенштајн, нивниот омилен градски урбанист.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
ПРЕЗЕМАЊЕТО (делумно или во целост) НА КОЛУМНИТЕ ОД САШО ОРДАНОСКИ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 12 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ