• Latest

Да се засилат контролите, а не да се прават измени на законот против пушење!

July 20, 2017
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Да се засилат контролите, а не да се прават измени на законот против пушење!

July 20, 2017 16:11
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Медицинските стручњаци од Институтот за јавно здравје во Скопје се категорични во ставот дека Законот за забрана на пушење на јавни простории, не треба да се менува! За нив се целосно неприфатливи најавените измени во досегашната регулатива, која што велат не се почитувала ни во државните институции!

„Тој Закон е добро направен, но не се почитува. Зашто, и во Министерството за здравство се пуши! Значи, тоа е институција којашто треба најмногу да се грижи за тој Закон, а таму не се применува, за жал. Да остане овој Закон, ама да се почитува!“, порачува примариус д-р Благоја Алексоски, од Институтот за јавно здравје во Скопје.

Граѓанските активисти пак даваат можност за имплементација на одредени измени во досегашната регулатива. Но, истакнуваат дека измените ни случајно, не смеат да бидат на штета и да претставуваат закана за здравјето на непушачите.

 

„Што се однесува до предлогот за измени на Законот за забрана на пушење, сметам дека во никој случај не смее да се дозволи пушење во локалите. Сметам дека треба да се воведе законска регулатива, локалите и кафеаните за пушачи да имаат соодветна вентилациска опрема, каде што ќе понудат простор за пушачи. Онаму пак, каде што се служи храна, ќе бидам поригорозен, воопшто да не се пуши! Затоа што, и како пушач, искуството покажува дека онаму каде што се служи храна, подобро е да не се пуши, зашто се дискриминираат и непушачите“, вели Илија Балтовски, граѓански активист од НВО „За нас се работи“ од Битола, којшто во исто време е и кафеанџија.

Инаку, Македонија во светот е на трето место според бројот на испушени (2.700) цигари по жител, годишно. А, медицинските стручњаци истакнуваат дека расте бројот на пушачи! Кога на оваа слика ќе се додаде и огромниот еколошки проблем со аерозагадувањето насекаде низ државата, од којшто пак годишно, според анализите, заболуваат по 1.300 граѓани од рак на бели дробови само во Скопје, тогаш предлагачите на измените на Законот, очигледно треба сериозно да размислат, пред да преземат каков било чекор натаму.

Моника Талеска

Tags: аерозгадувањеБлагоја Алексоскиболестизабрана за пушењезаконски измениздрајеИлија БалтовскиИнститут за јавно здравјеракцигари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ