• Latest

Да се донесат законите за антикризните мерки, има време за политика

March 19, 2021
Фото: МИА архива

Според поранешна шефица на МИ5, Велика Британија можеби е веќе во војна со Русија поради интензитетот на сајбер нападите и саботажите

September 29, 2025

Стартува кампањата на политичките партии: ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, СДСМ во Крушево, Меџити кај „Скендербег“

September 29, 2025

Почна официјалната дваесетдневна кампања за локалните избори

September 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Проевропската партија на Маја Санду пред победа на парламентарните избори во Молдавија

September 29, 2025

Протести и контра-протести во Србија

September 28, 2025

Филипче: Наша должност е да ја запреме разулавената власт, да се обединиме и да го спречиме рушењето на нашиот заеднички дом и на сето она што сме го постигнале

September 28, 2025
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кијив, рано наутро, 28 септември 2025, погодени станбени згради (фото извор: Кијивска регионална администрација)

Украинската амбасадорка Дир за ЦИВИЛ: Државата-агресор продолжува со терор против украинските градови и граѓани

September 28, 2025

„Сива зона“ – игра за млади за подигнување на свеста за корупцијата

September 28, 2025

Избори, нервоза и сказни

September 28, 2025

Гаши: Избори без притисок, користење на говор на омраза, поларизирачка пропаганда и злоупотреба на јавните ресурси

September 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Да се донесат законите за антикризните мерки, има време за политика

March 19, 2021 09:42
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Во интерес на граѓаните и стопанството е пратениците што побрзо да ги донесат законите за антикризните мерки кои подолго време се блокирани од опозицијата, апелираат вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тие вчера уште еднаш изразија уверување дека законските решенија ќе бидат донесени идната недела за кога е закажана собраниската седница.

Битиќи, според кој февруари ќе биде покриен со плати, порача дека има време за политика. Сега е битно да се донесат законите за поддршката да стигне до граѓаните и компаниите.

фото: МИА

-Февруари ќе биде покриен со плати, а за другото одговорот треба да го дадат пратениците во Собранието. Јас знам како би постапил да сум на нивно место. Очекувам наредната недела законите за економските мерки да бидат донесени. Мислам дека тоа е научена лекција. Време за политика ќе има кога ќе живееме малку подобро, без притисок на здравствената криза. Затоа сметам дека за една недела или десет дена законите ќе бидат донесени и помошта ќе стигне до сите на кои им е потребна, нагласи вицепремиерот.

Министерот Бектеши повтори, законите да не се блокираат, туку да се усвојат. Мерките, потсети, се таргетирани во консултација со сите комори и синдикати, но и дефинирани како приоритетна поддршка за време на КОВИД периодот.

-Би било добро да не се блокираат законите кои се во интерес на граѓаните, на вработените во приватниот сектор, но истовремено и на компаниите ако се земе предвид дека и минатата година ние ја завршивме со економски пад од 4,5 отсто, што беше речиси идентично со проекциите на Владата, а сите податоци и за месец јануари и за месец февруари покажуваат дека се зголемени и приходите и во рамките на буџетот, но и економската активност е врз основа на предвидувањата. Јас би сакал да направам уште еднаш повик, токму заедно да ги усвоиме законите кои се во интерес на граѓаните, повика Бектеши.

Тој најави дека ако има нови рестриктивни мерки, ќе има и дополнителна поддршка за најпогодените дејности.

– Доколку со нови рестриктивни мерки има скратување на работата на некои дејности, тогаш сигурно дека ќе има дополнителна поддршка за нив. На овој начин постапувавме и во изминатиот период и така ќе продолжиме. Туристичко-угостителскиот сектор кој што е најпогоден од пандемијата доби и најголема поддршка преку владините мерки, нагласи Бектеши.

фото: МИА

Министерот воедно информира дека наскоро ќе биде објавен огласот за ваучери за поддршка на домашниот туризам.

-Ќе продолжи да се реализира мерката што се однесува до ваучерите за стимулирање на домашниот туризам имајќи предвид дека состојбата е непредвидлива до туристичката сезона и повлекувањето на странските туристи. Јавните повици за оваа мерка се подготвени и ќе се објават некаде кон почетокот на месец април, но тоа нема да биде единствената помош за туристичкиот сектор. Значи, се реализира целата програма за развој на туризмот во рамките на секторот за туризам во Министерството за економија. Доколку се случи и оваа летна сезона да биде изгубена поради пандемијата, токму за овој сектор ќе има и дополнителна помош, рече Бектеши.

Во врска со барањето на угостителите за давање дозвола да се отворат рестораните за свадби со посебни протоколи, министерот уште еднаш потенцираше дека во овој период е најважно здравјето на граѓаните и дека Владата постапува по препораките на Комисијата за заразни болести.

-Минатата година речиси сите ресторани кои организираат свадби беа директно поддржани од Министерството за економија со посебни грантови со тоа што се едни од секторите кои со одлука на Владата и по предлог на Комисијата беа сосема затворени. Јас би сакал да ги повикам и истовремено да ги замолам за трпение, имајќи предвид дека приоритет над приоритетите за сите граѓани, за Владата, но истовремено и за економските субјекти и за сопствениците и менаџерите на свадбите, сигурно е здравјето на граѓаните. Не би било добро чувството да се прошират кластери во рамките на организирање разни забави во моментот во кој зборуваме, истакна Бектеши.

Пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски, пак, одговорајќи на новинарско прашање вчера рече дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период е најголемиот кочничар во Собранието

фото: МИА

– ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период, верувам дека тоа ќе се промени, покажа дека е најголем кочничар и ги опструира сите законски решенија којшто се во интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период и сите граѓани го увидоа тоа, дека е најголемиот кочничар во Собранието за донесување важни. Очигледно при притисокот што го направија граѓаните зашто се важни законите да се донесат, пред се законите во делот на дополнување и измена за да може да се  реализира и имплементира петтиот сет на мерки. Верувам дека ќе присуствуваат, но со тоа покажуваат и дека има сериозен притисок од граѓаните. Во февруари на 32. седница на Парламентот една од точките беше и Законот за личниот приход на граѓаните кој е дополнително дел од петтиот сет мерки што покажува и јасно потенцира дека како што доаѓаат законите во Собранието деловнички, претседателот на Собранието ги става во процедура за што е можно побрзо да се донесат, истакна Каевски.

Според вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши, и покрај кризата предизвикана од пандемијата, податоците покажуваат стабилизација на економијата. Буџетот е ликвиден, растат буџетските приходи, расте трговската размена, а очекувањата се дека ќе продолжи овој тренд и во текот на целата година. 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ