• Latest
Добро утро со Орданоски

Да ти била тоа „Аналитичко-безбедносна мрежа“

March 6, 2018

24 ЧАСА: Со онлајн петиција и мобилизација СДСМ против мигрантите; МВР со апел – петардите не се играчка; Се разгоруваат борбите меѓу Тајланд и Камбоџа

December 9, 2025
Џабир Дерала (Фотгорафија: НДИ Косово)

Дерала на ДИСИКОН 9, Приштина: Вештачката интелигенција ги редефинира изборите и отвора нови ризици за демократијата

December 9, 2025
Фото: МВР

МВР со силен апел: Петардите не се играчка – една грешка може да го промени животот!

December 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Тркалезна маса на ЦИВИЛ: „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ за проценка на демократските ранливости, зајакнување на институционалната, граѓанска и општествена отпорност

December 9, 2025

Обвинение за шпионажа и терористички акт за три лица за експлозијата во Ибар-Лепенец

December 9, 2025
фото: СДСМ, Венко Филипче

СДСМ стартува онлајн петиција против мигранти: „Време е народот да каже гласно НЕ!“

December 9, 2025

(ВИДЕО) Одбрана на демократијата 2025: Брифинг и разговор со Хедер Роберсон

December 9, 2025

Анкетната комисија ќе ја разгледува претставката на родителите на загинатите од „Пулс“: Бараат правда, одговорност и системски промени

December 9, 2025

ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА: ХОРИЗОНТИ НА СЛОБОДАТА (ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА)

December 9, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорната граница се шират, додека бројот на жртви расте

December 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Да ти била тоа „Аналитичко-безбедносна мрежа“

March 6, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Д[/dropcap]етонациите од „бомбите на Заев“, со кои се сруши еден, наизглед, несоборлив автократски режим, сè уште одѕвонуваат во ушите на Фамилијата. Таа никако да се помири со таквиот исход на работите. Откако се прегрупирале  и, колку-толку, се повратиле од шокот на поразот и од сите првични непријатности произлезени од кривично-правните соочувања со делата за кои одговараат, сега се подготвуваат на Заев да му вратат мило-за-драго. Како?

Елем, наводно, високи претставници на првите ешалони на власта од поранешниот режим, особено од неговите безбедносни структури (овие кои не се во или на пат за Шутка), под координативно раководство на својата долгогодишна „шефица со тефтерчињата“, формирале некаква тајна „Аналитичко-безбедносна мрежа“. Како што ме уверуваат моите новинарски извори, оваа технолошки добро опремена операција се изведува без знаење и на новото партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ, во кое старите кадри немаат доверба.

Мрежата, наводно, има за задача да воспостави макар неколкучлена информативна кадровска инфраструктура во секое министерство и во сите други државни органи и институции, составена од најлојалните партиски (ес-ес-)кадри на претходниот режим. Нивната задача е на дневна основа да „копаат“ и да доставуваат информации до својата централа за сите случувања во државните органи каде што работат. Во тоа спаѓаат снимање и фотокопирање на документи, дневни агенди, финансиски трансакции, разговори, состаноци, официјални преписки, средби, но и пикантерии за швалерации, коцкарски долгови, роднински перипетии, судири на интереси… Тие информации потоа аналитички се обработуваат во централата на Мрежата, а по потреба се „вкрстуваат“ со разновидните бази на податоци кои потекнуваат од долгогодишното владеење на Фамилијата со државата, вклучувајќи и чувствителни податоци од некогашните телефонски прислушувања и друг вид на следење на комуникациите.

На пример, веќе се формирани досиеја за одгледувањето на канабисот во „Анска Река“ и учеството на разни луѓе во тој бизнис; за обидите за рекетирања фирми во име на новата власт, а наводно за лична корист на самиот Заев; за формирањето нови фирми од градежништвото кои би учествувале на сè уште нераспишани тендери; за  конфликтите на интереси во разни државни бироа и агенции; за однесувањето на некои градоначалници кои не можат да се воздржат од корумпирани активности; за работата на некои агенции за обезбедување; за работата на Царината и на Министерството за здравство; итн. Посебен аналитички напор се вложува во документирањето на секој детал од животот и работата на десетина семејства на функционери од власта, на чело, се разбира, со Заеви.

Еден дел од така обработените информации се доставуваат до неколку западни амбасади во Скопје, со цел постепено да се дезавуираат различни нивоа и позиции во власта на СДСМ, за да се покаже и докаже дека власта е корумпирана и дека не ја заслужува поддршката од меѓународната заедница.

Целата оваа прикаска за „Аналитичко-безбедноснава мрежа“, дури и вака опскурно раскажана, баш личи на нешто што би го смислиле оние ликовине околу Груевски, но тера на едно логично прашање: А зошто е толкав напорот операцијата да е тајна?! Зошто за „наодите“ на Мрежата – па и името звучи како перспективна невладина организација, помогната од Сорос – се информираат само неколку странски амбасади, а не и пошироката македонска јавност? Зошто доказите за корупција и злоупотреби, ако навистина ги има, се кријат од надлежните институции за истрага и прогон?

Претпоставувам дека одговорот на овие логични прашања делумно се крие во самата „природа“ на нашата револуционерна опозициска организација секогаш да биде импресионирана од потребата за некаква тајност, за „работа во тројки“ и за регрутирање доушници и кодоши; а делумно и во чекањето на вистинскиот политички момент кога објавувањето на поголемото количество дезавуирачки материјали за оваа власт би можело да го има истиот разорен ефект како „бомбите на Заев“ за минатата власт.

Е, тоа е таа студено сервирана одмазда по која копнее Фамилијата. Уууупс, се извинувам ако со овој текст малку им ја расипувам забавата…

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста

Share270Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ