Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ денеска и утре ќе биде во посета на Москва во рамки на редовни средби меѓу двете земји.
Тој ќе оствари средба со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров и со потпретседателот на Владата на РФ и копретседател на српско-рускиот Меѓувладин комитет за трговина,економска и научна соработка Јуриј Борисов, соопшти српското Министесртво за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека министерот Дачиќ ќе разговара за заеднички проекти во областа на економијата и инвестициите, како и за соработка на меѓународен план. (МИА)