• Latest
Љубомир Костовски

Дали треба да се зема ДНК од увозниците на јаглен и мазут?

October 2, 2022
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дали треба да се зема ДНК од увозниците на јаглен и мазут?

Алузиите од типот дека бизнисмените кои увезуваат јаглен и мазут за потребите на нашите производители на струја биле Албанците, соопштени на јавноста преку она „едно општество за сите“ е доказ дека Во мигот незабобиколливата политиката и дел од медиумите се недораснати во опсервациите дури и тогаш кога ситуацијата од сите во општеството бара да сме крајно сериозни во опсервациите

October 2, 2022 15:04
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Љубомир Костовски

Љубомир Костовски

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Не очекува „незаборавна“ зима, велат многумина аналитичари. Кај нас медиумите некако заборавија дека и претходната зима ќе беше страшна, Се закануваше комплетен колапс на топлификационен систем во Скопје а потоа сигурно и пад на електирчното напојување во Републиката. Се сеќавате, нели? Веројатно тоа е заборавено, но во клучен момент побегна наводниот сопственик на ТЕ-ТО.

Централата на гас цело време го користи увезениот гас за земјава, а го продава по правило некаде надвор во форма на струја, уште од кога е изградена среде град. Сопственик е руски државјанин и ја оставил касата во фирмата празна. Заминал кај сметките во Кипар а потоа и во непознат правец. Таа гасна централа дава енергија и за топлификациониот систем на градот (за 70 илјада станови) а од ние кои останаа во фирмата тешко беше да се утврди кој е главен. Работите ги презеде во свои раце Владата и ја спаси земјава од сосема сигурното енергетско паѓање на колена, за што најмногу жалеше опозиционерот Мицковски, кој после неуспешното преземање на власта во Парламентот, со прегласување на мнозинството, веднаш си најде „план Б“.

Добро, ќе речете – тоа е лански снег и секако сте во право. Освен што сега, практично пак анонимни за јавноста се раководители на ТЕ-ТО (кој е газда кога газдата е некаде на непозната адреса?) се закануваат дека никој не може да им наложи каде ќе продаваат струја! Веројатно не го чуле говорот на Фон дер Лајен пред европарламентарците дека не е сега време за создавање на профити, кога свето се соочува со сериозна криза, економска но и безбедносна. Телма и даде простор на една таква вест по која се уште треба да одиме на гатачка за да го откриеме субјектот кој навистина газдува со ТЕ-ТО и како, кога фирмата не вложи ништо во совладување на ланскиот студ, не пропушти на скопјани да им пушти сметки летоска!

Добро, барем по малку ја откриваме стратегијата, по која на друга страна од енергетскиот мозаик е неопходниот увоз на енергенти со кои треба да го спасуваме билансот за следната зима. И тоа во момент кога ситуацијата е следна: или сите извори кај нас ќе работата до максимум и така ќе се спшасиме од увоз на прескапи киловати или ќе влеземе во нов круг на задолжувања. што тешко може да се поднесе. За нашите извори на енергија да работат 24 часа наредните пет-шест месеци неопходно е да се обезбеди пред се непречен увоз на јаглен, мазут и гас. И сега одредени медиуми тука поставуваат заседа, барајќи некакви недостатоци во постапката кои никако не држат вода, ама се од корист на оној кој постојано, од средината на 2017 година наваму се обидува да најде гориво за својата политика „што полошо, тоа подобро“. Се работи, значи, да појасниме, за оценката кој тоа бил опредлен за увоз на дел од споменатите енергенти. Со синтезата на тие обвинувања за изборот на импортерите во студиото на тв порталот „360 степени“ се соочи и директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски.

Најпрвин беше ставен  тет-а-тет со оценката дека увозниците се фирми кои немаат искуство во тој бизнис. Ковачевски рече дека компанијата (ЕСМ) не може од фирмите што набавуваат јаглен да бара да имаат искуство во областа бидејки така, според него, ќе се ограничи можноста за вклучување на компании што можат побрзо да набават јаглен. Тој во гостувањето рече дека колку повеќе услови се поставуваат во јавните набавки, толку повеќе се намалува конкурентноста.

Ова било дел од и од истражување на  „Призма“ кое наводно открило дека ист газда на две фирми, Аљибер Ибраими (45) увезува јаглен за РЕК Битола. И во двете фирми тој има бизнис партнери (пази сега) –  Македонци, а компаниите се отворени на денот на распишување на повикот и додека траел повикот. Според пишувањето на „Призма“, првата компанија „Куантум Солушнс“ е регистрирана на 31 март годинава, односно, на денот кога ЕСМ го распишала јавниот повик за јаглен, а во сопствеништвото на фирмата влегол и извесен Лазар Кимов. Втората компанија „Енергија икс“ Ибраими ја поседува заедно со бизнис-партнерка од Скопје, извесна Ана Христовска (значиМакедонка), а фирмата почнала со работа на 5 мај, кога повикот веќе течел.

Двете компании заедно треба да увезат 150 илјади тони јаглен од Албанија и Грција за потребите на ЕСМ за околу девет и пол милиони евра.

Ковачевски за ова вели – понудите на овие две компании биле технички исправни и со најниски цени.

„Дали таа компанија или двете компании ние требаше да ги одбиеме? Зошто? Затоа што биле скоро регистрирани. Еве, тие компании откако се склучи договорот до денес, секој ден испорачуваат јаглен согласно планот за динамичка испорака, со квалитет што го понудија и следствено на тоа го исполнуваат договорот. Ако постапевме поинаку, јас денеска ќе носев одговорност заедно со цел тим што ги носи тие одлуки“ рече Ковачевски.

Прикзната за ДНК истражувањето оди понатаму  – вниманието оди кон извесен Ратко Капушевски (според презимето како сега се’ да е „ОК“) кој

ја има  фирмата избрана да увезува мазут за потребите на ТЕЦ „Неготино“ и БЕГ – „РКМ“. Ама споменатиот бизнисмен добил партнер – Ерџан Сулкоски, бизнисмен од Кичево, сопственик на „Пацифик Петролеум“. Истрагата води кон „следно колено“ кон познатиот „Пуцко Петрол“, која е во сопственост на семејството Јахоски. Тука пак  најистакнат подинец е пратеник на ДУИ, Исмаил Јахоски. На забелешката на новинарот дека „ова неподносливо мириса на ‘Едно општество за сите’ (!), директорот Ковачевски го даде следниот одговор::

„Видете, ние имаме комисија за јавни набавки, имаме одговорни лица, Управен одбор и, на крајот, јас како директор. Но, ние не сме истражен орган. Доколку, за која било јавна набавка економскиот оператор што доставил понуда ги исполнува сите критериуми и сите услови согласно Законот за јавни набавки, ние мора да ги прифатиме тие понуди. Во спротивно, ние правиме прекршок. И сега се поставува прашањето кој ќе ја понесе одговорноста доколку некого елеминираме поради сопственичка структура, паради одредени личности, дали се тоа политички личности или бизнис интереси… За тоа има истражни органи“,вели Ковачевски.

И навистина дали таквите истраги доаѓаат до навистина релевантен податок како на пример некој дал поевтина понуда за ист енергент од ист извор?! Или понудил поголема брзина во набавката или… Што е сега битно – етничкиот концепт во главата на новинарот со подзрение!

Впрочем, според извори на ЕСМ – Законот за јавни набавки ѝ дозволува на оваа компанија да набавува гориво за производство на енергија со директни договори, без објавување повици во јавноста. Ковачевски вели дека заради транспарентност и конкурентност компанијата одлучила да не ги користи тие можности на законот. „Користиме само една можност. Објавуваме јавен оглас и пуштаме покани, на пример, за мазут до сите компании што поседуваат лиценци. Кога објавуваме за електрична енергија, со сите трговци што имаат лиценци. Што се однесува до набавката на јагленот, објавуваме транспарентно во медиуми, во печатени медиуми, на веб-страницата и испраќаме покани до сите досегашни добавувачи на јаглен дека до тој и тој ден има отворен повик – во рок од 60, 90 дена. Овој повик е 365 дена. Кој кога ќе створи услови, ќе обезбеди јаглен, кој јаглен ги исполнува техничките услови што се поставени во тендерската документација, кој јаглен може да се испорача во термоелектраните ‘Битола’ и ‘Осломеј’, за кој јаглен има најповолна цена од останатите и за таа понудата добавувачот доставува банкарска гаранција за сериозност на понудата, а потоа и уште една банкарска гаранција за исполнување на договорот“,појаснува Ковачевски.

Но тоа некому не е доволно, па нечие ДНК изгледа привлечен „дострел“ на истражувачкото новинарство.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ