• Latest

Ден на жалост во Велес

June 22, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ден на жалост во Велес

June 22, 2018 13:17
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со одлука на општинскиот совет, денеска во Велес е Ден на жалост  поради погребот на трите деца што завчера го загубија животот во пожар во семејната куќа во високиот дел на градот на ридот Вршник.

Советот донесе и решение на семејството на Никола Давчевски да му се додели еднократна парична помош во износ од 100.000 денари, а општината да ги покрие трошоците за обезбедување гробно место во висина од околу 13.000 денари.

Со едногласната одлука на советот знамињата во Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации ќе се одложат, а угостителските објекти ќе емитуваат сериозна музика.

Основното јавно обвинителство Велес заедно со екипа на СВР Велес вчера продолжи со истрагата на терен во остатоците од изгорената куќа кај велешкиот рид Вршник, каде загинаа трите деца – од четири, две години и единаесет месеци. Теренот кај изгорената куќа го обезбедува велешката полиција.

– Ќе се врши подолго вештачење за да се утврдат причините за настанување на пожарот во кој животот го загубија три малолетни деца. Мислам дека денеска не ќе можеме да кажеме кои се причините за пожарот бидејќи очекувам вештачењето да трае подолго. Инаку денеска по наредба на ОЈО ќе биде извршена обдукција на телата на децата и нивна идентификација, бидејќи истите по пожарот се најдени јагленосани, изјави вчера за МИА Гордана Тодорова в.д. јавен обвинител од ОЈО Велес.

Според првичните сознанија на јавниот обвинител, родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница. За тоа време од засега непознати причини избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата.

Трошната куќа со една соба е на непристапен терен во долот на ридот Вршник, во шумата, оддалечена стотина метри од последните куќи.

Семејството на четириесетгодишните Никола и Марина со четири деца било социјално загрозено и собирало пластични шишиња. Кога се случил пожарот, во куќата не бил нивниот поголем син Стефан, кој во тоа време собирал шишиња. (МИА)

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ