Косовското собрание денес ќе се состане по 18-ти пат по ред во обид да го конституира косовското собрание, пишуваат косовските медиуми.
Додека Движењето Ветевендосје, преку претседавачот на седницата во саботата, излезе со предлог седницата да се одржува еднаш неделно, а не на секои 48 часа, копретседателот на седницата, кој доаѓа од ПДК, се изјасни против овој предлог, велејќи дека се подготвени да работат секој ден,
Претседателот на Собранието на Косово, Авни Дехари, во петокот по неуспехот на седницата изјави дека дал предлог седницата да се одржува еднаш неделно бидејќи нема смисла пратениците да доаѓаат во Собранието на секои 48 часа кога резултатот е ист.
Дехари рече дека очекува парламентарните групи да донесат одлука за овој предлог.
Д. Т.