• Latest

Дерала: Треба да им се заблагодари на демострантите од 5 мај, а не да им се суди

September 19, 2018

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дерала: Треба да им се заблагодари на демострантите од 5 мај, а не да им се суди

September 19, 2018 13:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дерала, ЦИВИЛ: Јас денеска и во својот рафал (Гоца Шлем и Фамилија сѐ уште прогонуваат мирни демонстранти, рафал, 17 септември 2018) кажав дека неприфатливо е да се прогонуваат оние граѓанки и граѓани кои мирно протестираа на 5 мај 2015 година. Едноставно тие го искористија уставното право, го искористија секое демократско право да излезат на протест и да протестираат против полициската бруталност. Ако се сеќавате на 5 мај имаше протести пред Владата против полициската бруталност, односно бруталното убиство на Мартин Нешкоски во 2011 година. Тие демонстрации беа разбиени со полициска бруталност. Полицијата ја бранеше својата бруталност со бруталност.

Голем дел од луѓето што беа уапсени  во радиус од два или три километри надвор од кругот на Владата. При апсењето дел беа малтретирани, а некои беа и тепани, потоа беа ставени во марица и однесени во различни полициски станици. Таму не добија вода, храна, ниту овозможен телефонски разговор со нивните семејства така што луѓето едноставно не знаеја каде се нивните најблиски и се прашуваа каде се и ги бараа по полициски станици, по болници итн. Тоа е нешто што наликува на јужноамериканските диктатури кога луѓе исчезнуваа во такви полициски акции. Токму тоа се случуваше на 5 мај. Луѓето бе малтретирани до крајни граници, мобилните телефони одземени и не им се вратија утредента, туку по неколку недели. Тоа го направија незаконски, без некои посебни документи, беа прекршени безброј процедури и при апсењето и при задржувањето во полициските станици. На многу начини им беа кршени основните човекови права и слободи загарантирани со закон и со Устав.

Токму тие луѓе, сега, три години по овој настан, се викаат на суд. Се гонат судски заради тоа што го прекршиле јавниот ред и мир според член 15 од законот за прекршоци. Тоа е нешто што не можеме да го прифатиме во ниедна варијанта. Едноставно наместо тие луѓе да бидат пофалени во јавноста, да им се заблагодари Владата, институциите  и граѓанките и граѓаните за тоа што го направиле, наместо тие луѓе да добијат извинување, наместо да бидат викнати на некоја средба со институциите да им се понуди некаков надомест за нанесената штета, материјален или морален, тие луѓе сè уште се мета на судскиот прогон. Речиси две години по падот на режимот на Груевски тие луѓе сè уште се повикуваат на суд.

Така, неколку наши другарки и другари се јавија во ЦИВИЛ и пријавија дека се поканети на суд во октомври. Едноставно не можеме да прифатиме како аргумент еве според законот сè мора да помине низ некој процес, дека ќе бидат ослободени поради олеснителни околности, застареност на предмет… Тоа не можеме да го прифатиме. Тој судски процес мора да се запомни како политички судски процес во кој се гонат луѓе што протестирале за слобода и за демократија.

Наместо тоа ние гледаме дека ниеден пратеник, ниеден министер не помисли на вакво нешто. Да им се извинат на луѓето, да го стопираат овој срамен судски процес.

Останете со ЦИВИЛ Медиа, прочитајте го рафалот и секако текстовите на моите колешки и колеги.

Обработка на текст: Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Владо Крстевски


Видео-став на ЦИВИЛ е содржина што се објавува секојдневно и се однесува на актуелните општествени состојби.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Share35TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ