• Latest

Дескоска: Со новите капацитети во „Идризово“ негативните оценки треба да се минато

August 29, 2018
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дескоска: Со новите капацитети во „Идризово“ негативните оценки треба да се минато

August 29, 2018 12:22
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Градењето нови сместувачки капацитети во КПД „Идризово“ е една од мерките што Владата и Министерството за правда ги презема за подобрување на условите за извршување на санкциите во Република Македонија, истакна денеска министерката за правда Рената Тренеска Дескоска на отворањето на новите објекти од отворено и полуотворено одделение во најголемиот затвор во нашата земја, со капацитет од 546 лица.

Министерката посочи дека инвестирањето во инфраструктурата на затворите не е единствен аспект на подобрување на условите во самите затвори. Истакна дека во Идризово се сместени повеќе од три петтини од затворениците во земјата, а неговата пренатрупаност води кон несоодветни услови и отежнато одржување на редот и безбедноста во затворот.

– Инвестициите во просторот се следени и со инвестиции во човечкиот капитал, односно градење човечки капацитети, преку обуки на вработените, напори за подобрување на здравствената заштита, потоа градење на мобилни судници, но и реформи што значат развивање алтернативи за кратките затворски казни, ревизија на Кривичниот закон и праксата на определување на притвор и изрекување казни, истакна Дескоска.

Нагласи дека во подобрувањето на условите во затворите партнери на Министерството се и ќе бидат невладините организации и домашните и меѓународни институции.

Министерката Дескоска најави дека наскоро во процедура ќе биде пуштен и Законот за извршување санкции и посочи дека при програмирањето на користењето на европските фондови значајно внимание ќе биде посветено на понатомошното подобрување на условите и во другите затвори во Македонија.

– Со отворање на новите капацитети во „Идризово“ посакувам негативните оценки за состојбата во затворите, како оние изречени од Советот на Европа од 2016 година и во извештаите на Народниот правобранител во сферата за заштита на човековите права, да станат минато, истакна Дескоска и додаде дека посакува еден ден овие капацитети, што денеска се отвораат, да бидат празни или барем полупразни, како резултат на намалување на стапката на криминал во нашата држава.

Треневска КПД Идризово

Министерката рече дека во новите објекти, односно во отвореното одделение има капацитет за сместување на 294 осудени лица на површина од 3.800 метри квадратни, додека во полуотвореното кое е со површина од 4.000 метри квадрати може да се сместат 252 осудени лица. Ќелиите за сместување се за четири лица и имаат бања. Во новите простории има работилници, фитнес сали, ќелии за лица со посебни потреби, шеталишта и игралишта.

Директорот на управата за санкции Јовица Стојановиќ одговарајќи на новинарски прашања појасни дека со грант на европската комисија судницата ќе биде префрлена од затворот „Скопје“ во затворот Идризово поради поголемиот број осудени лица кои се наоѓаат во најголемиот затвор во Македонија. Со истиот грант, додаде тој, завршена е постапката за комплетна реконструкција во затворот во Битола во кој  во мај-јуни беше затворен притворскиот дел што не ги исполнува условите. Најави и воведување на пробацијата во сите затвори во Македонија,  проект што треба да почне од 3 септември. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ